Прирачник од 1956-та година: Еве како жените ги освојувале мажите во тоа време

Овие правила кои што ќе ви ги претставиме во продолжение, морала да ги почитува секоја една жена.

Еден женски магазин од 1958-та година, направил листа на која што се наоѓале 129 совети како да освоите маж, а некои од нив се толку многу бизарни и смешни што ги шокирале интернет корисниците.

Листата на социјалната мрежа Твитер ја споделила новинарката Џејн Лавендер, а нејзината објава набрзо станала вирална.

„Ова е фантастично. Начинот на кој што можете да пронајдете сопруг во 1958-та година. Неверојатно“ – напишала таа во описот на фотографијата.nullnull

На списокот се нашле совети како оние на кои места треба да одите за да најдете вистински маж и точно како да се однесувате за да го привлечете неговото внимание.

Ова се некои од советите кои што се нашле на листата:

– Шетање куче
– одење на курсеви какви што мажите сакаат
– побарајте места каде што има најмногу самохрани мажи
– придружете се во планинарски дом
– одете на различни голф игралишта
– одморот поминете го на различни места
– седнете на клупа во парк и хранете гулаби
– тргнете со велосипед по Европа
– најдете работа на медицински, стоматолошки или правен факултет
– станете медицинска сестра или стјуардеса
– бидете љубезни, особено кон жените