Весник од Нов Зеланд во 1903 пишува: „УБИЕH е Делчев, креаторот на македонското pеволуционерно движење“

Како што пишува порталот мкд.мк „Ивнинг пост”, дневен весник од Нов Зеланд, на 27 мај 1903 година од својот дописник од Цариград јави дека е убиен креаторот на Македонската револуционерна организација. „Делчев беше убиен во престрелка кај Баница. Се смета дека неговата смрт ќе го парализира револуционерното движење. Лани имаше поделба во Македонскиот комитет. Членовите на стариот комитет под водство на Сарафов беа обвинети дека работат за бугарската експанзија, а не за независноста на Македонија. Беше формиран нов комитет кој искрено се залагаше за нивната цел – независност на Македонија. Нивен водач беше Делчев”, пишува весникот.

И други весници од тој период, преку своите дописници од Солун, Цариград и Софија пишуваат за убиството на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Во мај 1903 година, лондонски Тајмс (The Times) пишува дека „Делчев бил вистинскиот водач на познатата организација и главен двигател на целокупното движење. Тој го организираше киднапирањето на американската мисионерка Мис Стон, веројатно за да се прибават парични средства за Организацијата… Делчев, кој беше од Кукуш и по професија учител, имаше 32 години. Иако не беше основач на Внатрешната организација, чисто македонска асоцијација, која што никогаш не работеше во хармонија со комитетите во Софија, тој практично го создаде сегашниот систем, кој се чувствува во сите краишта на земјата. Неговата смрт ќе се покаже како сериозен удар за движењето и за извесно време би можела да ги парализира неговите активности“. Прочитајте повеќе на линкот мкд.мк