Децата кои немаат компјутер ќе добиваат печатени материјали од училиште

Децата коишто немаат уреди за следење на онлајн настава во време на здравствената криза ќе добијат можност за учење како и останатите деца, соопшти денеска Министерството за образование и наука (МОН).

Доколку детето нема уред да следи настава онлајн, ќе може наставата да ја следи со физичко присуство на часовите во самите училници, додека наставниците предаваат на другите деца преку онлајн платформата. Исто така, за децата, чии родители се изјасниле дека не сакаат да ги пуштаат во училиште со физичко присуство, а немаат уреди, во Планот е предвидена опција да добиваат печатени материјали. Овие материјали ќе се доставуваат на родителите од страна на наставниците според сите мерки и протоколи за заштита од болеста.

Се разгледува можноста за целодневна настава во училиштата
„За да може секое дете да има пристап до наставниот материјал, МОН е во преговори 15-минутни видеа со одреден час да се емитуваат на Националниот сервис на посебни канали кои се обезбедени“, соопштија од МОН.

Наставниците ќе имаат обврска редовно да комуницираат со децата и нивните семејства и да следат колку напредуваат во учењето.

Извор: Радио Слободна Европа