Вкусно македонско јадење: Богата гибаница со сочен фил

Состојки: 1/2 кг готови потенки кори 200 г сирење 250 мл кисело млеко 3 јајца 50 мл масло.

Приготвување:

Издробете го сирењето на покрупни парчиња. Во киселото млеко додајте јајца и масло и измешајте. Убаво премачкајте со масло плех со големина 40х20 см.

Секоја кора изгужвајте ја како хармоника и наредете ги по должина во плехот. Помеѓу наборите ставете сирење од сите страни. Прелејте со кисело млеко и протресете да падне помеѓу наборите. Печете на 200 степени околу 50 минути да порумени убаво.

Оладената гибаница пресечете ја и послужете ја со јогурт.