Избегнувајте го овој дел од градот: Се реконструираат значајни улици

Започнува реконструкцијата на улицата „Никола Парапунов“ во населбата Карпош 4. Градот Скопје ќе го обнови коловозот во должина од 580 метри, кој ги поврзува булеварите „Илинден“ и „Партизански одреди“. Исто така, предвидена е реконструкција и на оштетените делови од тротоарите, но и замена на рабниците.

„Ја започнавме постапката за реконструкција на улицата „Вич“, со неколку краци – пристапи до згради. Минатата недела заврши реконструкцијата на улицата „Ловќенска“ 4 во Козле, претходно и на „Новопроектирана“ во Криви Дол, a беа обновени и краци на улици во Бардовци“, рече Богоев.

На вчерашната седница на Совет, Општина Карпош ја започна и постапката за реконструкција на неколку улици во Карпош 1 и Карпош 2 и тоа: „Гиго Михајловски“, „Иван Аговски“, „Шекспирова“ и „Мирка Гинова“.

За влез во Скопје користете ги алтернативните рути, апелираат од Град Скопје откако вчера почна реконструкцијата на булеварот Александар Македонски односно источниот влез во градот.

„Граѓаните можат во Скопје да пристапат преку скопската обиколница, на исклучувањето кај населба Радишани, преку новиот булевар Христијан Тодоровски Карпош кон општина Чаир како и на исклучувањата кај населба Визбегово кон Момин Поток и населба Волково кон општина Ѓорче Петров“, информираат од Град Скопје