Нешта кои не ги знаеме пред да ги изгубиме нашите родители

олем дел од нас минале низ периодите кога морале да се соочат со загубата на својот родител. За секој кој морал да помине низ такво искуство, тоа е еден од најлошите спомени кои оставаат трага понатаму во животот. 

За жал, тоа е момент за кој никогаш нема да бидеме подготвени и кој е тежок без оглед на тоа колку сме подготвени или не. 

Ова се нешта кои никој не ни ги кажува пред да ги изгубиме нашите родители.

Празнината која ја чувствуваме во текот на ноќта.

Никој никогаш нема да може да ни објасни, ниту пак да нѐ подготви на празнината која доаѓа откако ќе  изгубиме еден од родителите. Тоа е чувство на потполна празнина, загуба, но и очај дека никогаш веќе нема да ја видиме личноста која толку многу ни значи. Не постојат зборови кои можат да го објаснат ова чувство.

Тагата нема крај.

Иако блислите луѓе се околу нас, обидувајќи се да ја намалат нашата болка и тага, сепак често изгледа како тие да немаат крај. Мислите дека е готово, дека некои работи се завршени или дека веќе не ги чувствувате, но тие се појавуваат потсетувајќи ве на личноста која ја сакавте повеќе од сѐ.

Сѐ изгледа пострашно.

Без родителите кои ни ги олеснуваат сите тешкотии и сите маки во животот, сите нешта кои доаѓаат во нашиот живот изгледаат пострашни и потешки. Ви изгледа како сѐ да е против вас и како едноставно да немате сила да се борите против светот, таков каков што е. Неволјите изгледаат многу поголеми бидејќи не ги споделувате грижите со личноста која секогаш беше тука да ве сослуша.

Болката кај другите членови на семејството.

Доаѓаат денови кога мислите дека вие можете да се носите со сета таа болка, но се чувствувате беспомошно бидејќи не можете да ја избришете болката и тагата од лицата на другите членови на семејството. Се чувствувате како да немате искуство, како да ги немате вистинските зборови, ниту пак имате храброст да им кажете дека се ќе биде во ред.