„Јас веќе останав без денар, без сон и мир – Имам 48 часа да се снајдам со пари“

Имам 48часа да се снајдам со пари, да си го видам кучето повторно живо и здраво. Се работи за Атиџе!

Тргна за Англија но не стигна таму, никогаш. Прво ја земаа на унгарска граница во карантин. Океј. После карантинот седеше затворена со денови во една гаража во Суботица, додека организирам друг превоз.

И организирав, сибав мајката! Српски транспорт специјализиран само за превоз на скапи кучиња кои ги продаваат низ светот. Цената плафон ама многу ми беше и хитно и битно за кучето.

Се’ изгледаше блескаво и профи. Тргнаа, 5 кучиња и 1 мачка. И Атиџе меѓу нив, јас пресреќна. Некаде пред Австрија му се губи траг, 10 дена го нема човекот никаде. Недостапен, никој не може да го добие.

Завршува во затвор во Германија, превезувал др га со кучињата. Од тука почнува вистинската аго нија. Он во затвор, кучињата во шелтер.

Наоѓаат документи во колата, не контактираат, доаѓа адвокат и неколку дена работи на случајот. Судот носи одлука дека кучињата можат да излезат од таму, адвокатот си ја наплаќа услугата.

Јас праќам човек од МК да ја земе Атиџе од Германија и да продолжи за Англија, убедена дека се е завршено. Човекот оди таму ги товари кучињата, го придружува полиција до излез од Германија и уште 4 контроли до Австрија да не случајно ги исфрли некаде по пат.

Сега повторно кучињата се одземени, не дозволуваат да ја напуштат Европа затоа што биле во контакт со др гата и подлежат на медицински испитувања.

Имам 48 часа да соберам одреден износ за да може да ги платам ветеринарните трошоци. Јас веќе останав без денар, без сон и мир. Кучето е ослабено, истраум атизирано, не личи на себе. Прв пат добив слики од неа пред три дена.

Ве молам, можете ли да споделете и да помогнете во спротивно кучето ќе ми биде одземено засекогаш.

Вакви работи ми го кратат животот и крајно после ова ќе се запрашам дали вреди. Можеби за прв пат сериозно ќе се преиспитам. Пеј пал: Ivaspasovska@gmail.com