„Еве ви го резултатот на македонското здравство, овде почива родилката која остави позади себе малолетни дечиња“

Ферди Јашар девер на родилката која што почина вчеравечер на ГАК својата тага и револт ја изрази на социјалните мрежи. Ферди остави и свој телефонски број да се слушне со министерот бидеќи како што кажува тој убаво е да се слушне и другата страна, а не само медицинските лица да излезат со изјава пред медиумите…

Од клиниката објаснуваат дека жената дошла во 36 недела од бременоста или во осмиот месец. Првиот преглед покажал можни проблеми со бебето по што и рекле да излезе да се напие течност и повторно да се врати на преглед ЦТГ. Од гинекологија објаснуваат дека на жената и рекле да седи надвор поради корона вирусот и кога ја побарале таа не била пред болницата за да се врати по еден час со обилно крварење.

Докторите објаснуваат дека жената пријавила дека имала четири деца и неколку абортуси кои може да биле и причина за одредени компликации во бременоста, а според кажувањата на докторите и оваа бременост не била контролиранаРЕКЛАМА

Сопругот на починатата родилка Седат Јашар вели дека сопругата по првиот преглед му пренела дека и рекле да одат дома, па да се вратат назад. Тој за канал 5 раскажува дека само што стигнале до Шуто Оризари таа почнала да крвари и веднаш се вратиле назад, каде била примена во болница.. на Јашар му соопштиле дека бебето е мртво, а жената имала компликации од крварењето. Итно ја извадиле матката, но поради големото крварење таа починала ден по раѓањето кој бил извршен со царски рез.