Connect with us

Инфо +

Македонски филм номиниран за оскар – „Врба“

Published

on

Врба“ на Милчо Манчевски влезе во селекцијата за најдобар филм 2020 на 33. Европски филмски награди, познати и како Европски Оскар, што ги доделува Европската филмска академија (ЕФА), објави денеска Академијата. Во селекцијата на ЕФА за најпрестижната европска награда годинава се 38 филмови.

За филмовите следниве недели ќе гласаат над 3.800 членови на Академијата и ќе изберат по 5 номинации во 5 категории: најдобар филм, режисер, актер, актерка и сценарио. Номинациите ќе бидат објавени на 7 ноември на фестивалот во Севилја, Шпанија. Годинава доделувањето наградите на Европската филмска академија ќе се одржи во Рејкјавик, Исланд на 12 декември.,

Во конкуренцијата со „Врба“ се и новите филмови на Томас Винтерберг, Иштван Сабо, Агњешка Холанд, Кристијан Пецол, Франса Озон, Раду Жуде…

Минатата година, два македонски филмови добија номинации, „Господ постои името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска и „Медена земја“ на Тамара Котевска и Љубо Стефанов.

Ова е втор пат филм од Манчевски да влезе во селекцијата за европските филмски награди, во 2011 година селектиран беше и неговиот „Мајки“.

„Пандемијата го прекина, но не можеше да го загуши подемот на ‘Врба’ – драмата на Милчо Манчевски“, велат од продукцијата на филмот по најновиот успех на шествиот филм на авторот.

„Врба“ го започна своето патување со светска премиера на Римскиот филмски фестивал во октомври минатата година, каде што беше забележан со исклучително позитивни критики. Пред ковид пандемијата, по македонската премиера филмот играше в кино два и пол месеци и ги сруши рекордите на гледаност во земјата.

Македонија

Општина Битола: Бесплатен превоз до скијачките центри Нижеполе и Копанки!

Published

on

Општина Битола обезбедува бесплатен превоз за сите љубители на зимските спортови до скијачките центри Нижеполе и Копанки. Оваа иницијатива има за цел да го промовира активниот животен стил и да овозможи достапност на зимските активности за сите граѓани. Искористете ја можноста за удобен и бесплатен превоз до овие популарни дестинации!

Continue Reading

Македонија

УТРИНСКА МАГЛА НА ПАТИШТАТА Еве каде има намалена видливост

Published

on

Сообраќајот на останатите патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Намалена видливост поради појава на магла од 20 до 30 метри има на патниот правец Тетово – с.Гајре, од 100 до 150 метри на патните правци Скопје – Велес, Велес – Скопје, Скопје – Куманово, Куманово – Скопје и клучка Хиподром – Обиколница Скопје, до 80 метри на патниот правец Делчево – Македонска Каменица и од 50 до 100 метри на планинскиот превој Ѓавато, соопшти АМСМ.

Оттаму потсетуваат дека мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино Село е затворен за секаков вид на сообраќај.

Сообраќајот на останатите патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

Continue Reading

Македонија

Доктор Даниловски: Метапневмовирус воопшто не е нов вирус, се лекува како обична настинка!

Published

on

Според Даниловски, човечкиот организам веќе има воспоставено одбранбени механизми против него.

Епидемиологот Драган Даниловски тврди дека нема потреба од страв и паника меѓу населението во Македонија откако во соседството се појави случај на метапневмовирус.

Според доктор Даниловски, во моментов во умерените климатски подрачја на планетава, на северната хемисфера вообичаено е трендовите на акутните респираторни инфекции да се зголемуваат во овој период од годината.

Појаснува дека овие зголемувања обично се предизвикани од сезонскиот грип, респираторниот синцицијален вирус (RSV) и други вообичаени респираторни вируси, во кои спаѓа и човечкиот метапневмовирус (human metapneumovirus – HMPV), како и „mycoplasma pneumoniae“.

-БЕЗ ПАНИКА! HMPV Е ДАМНЕШЕН „СОЖИТЕЛ“ НА ЛУЃЕТО

Во умерените климатски подрачја на планетава – во моментов, на северната хемисфера – вообичаено е трендовите на акутните респираторни инфекции да се зголемуваат во овој период од годината. Овие зголемувања обично се предизвикани од сезонскиот грип, респираторниот синцицијален вирус (RSV) и други вообичаени респираторни вируси, во кои спаѓа и човечкиот метапневмовирус (human metapneumovirus – HMPV), како и mycoplasma pneumoniae. Оттаму, извештаите во медиумите за зголемен број хоспитализации во Кина, наводно, заради инфекции со НMPV, не се докрај точни, зашто, таму зголемен е бројот и на сите други респираторни вируси! Како што е сосема вообичаено во зима! Патем, НMPV воопшто не е нов вирус (како што беше короната)! Тој е дел од „коктелот“ респираторни вируси кои се „добри познајници“ на човекот, отсекогаш. Што значи дека човечкиот организам веќе има воспоставено одбранбени механизми против него. Што значи, исто така, дека сите треба да бидеме апсолутно спокојни! Место за страв од нова пандемија нема! А вознемирувачките написи во порталите – игнорирајте ги! Мерките за превенција и третман се сосема исти како за обичните настинки, пишува докторот.

Метапневмовирусот се пренесува преку близок контакт. Смртноста е пониска од грипот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк