Connect with us

Инфо +

Видовита жена ми кажа дека најдобрата другарка ми ги расипувала сите врски од љубомора – сега сум во Канада, а таа е блокната

“Твојата пријателка со која се дружиш уште од средно школо и со која беше на факултет, никогаш не те сакаше!Ти беше љубоморна на убавината, а ти и ги раскажуваше сите детали од врските што ги имаше. Ти глуми голема пријателка, а зад грб секогаш те оговара, зошто не може да поднесе дека си поубава од неа!”

Почнав да станувам депресивна и станав голем песимист за се’ во животот. Ништо не ми одеше од рака, не можев да остварам голема љубов по каква цел живот мечтаев и почнав да си мислам дека ќе си останам ваква осамена. Сите мои пријателки веќе имаа сериозни врски, а некои од нив веќе беа мажени. Само моите врски секогаш катастрофално завршуваа и тоа без никакви очигледни причини..

Летово ми се јави пријателка од Сараево и ме повика на гости, па иако се двоумев, на крај отидов за да променам малку средина, Скопјево никаде не ми бега.

Другарка ми од Сараево ме пречека срдечно, ама веднаш позна дека не сум добро, па уште следната недела ме однесе кај една видовита жена. И реков дека не верувам во такви работи, но таа ме убеди и ми рече дека ќе се смееме и ќе се забавуваме.

Жената ми свари кафе и ми отвораше карти и почна да зборува за мојот живот. За да не заборавам што ќе ми зборува, за секој случај си зедов тефтер да запишувам. Ми кажа:

-Ти си верна и во суштина многу добра девојка, ама и многу наивна. Својата наивност многупати во животот скапо си ја платила и тоа најмногу на полето на љубовта која никако не можеш да ја оствариш. Сите твои врски завршуваат со прекин и тоа без причина.

Досега си имала пет врски, а сите раскини тешко си ги доживувала. А ниту со учењето, ниту со работата не си напредувала многу. Едноставно, ти си застаната во животот и не можеш да мрднеш напред! – ми збореше и ме гледаше во очи, а јас ја слушав скаменето. Тогаш ми рече дека имам змија во облик на пријателка.

-Ти си најмалку виновна за тоа што ти се случува. Твојата пријателка со која се дружиш уште од средно школо и со која беше на факултет, никогаш не те сакаше!Ти беше љубоморна на убавината, а ти и ги раскажуваше сите детали од врските што ги имаше. Ти глуми голема пријателка, а зад грб секогаш те оговара, зошто не може да поднесе дека си поубава од неа!

Таа неодамна се омажи, а гледам и дека има некое звање поврзано со медицина, зар не? – како во транс и реков – да.
Епа таа твоја пријателка се служела со некои неприродни дејства и со лаги за да ти ја уништи секоја врска. Преку социјалните мрежи им пишувала на твоите дечковци и те офирала најлошо што може, лажела и измислувала лоши работи за тебе.

Ти не си ни свесна дека таа има изградено многу лоша репутација за тебе, затоа секоја врска ти пропаѓа.
Ти знаеш за која пријателка ти зборувам, сте студирале заедно на факултет, се дружите како родени сестри…Таа е мажена за маж кој е 10 години постар од неа. Човекот е на висока положба, а таа тоа го искористила за да напредува во школувањето и кариерата.

Таа ти глуми дека ти е како сестра, а потајно те мрази зошто не ја поднесува твојата добрина, убавината и како те гледаат мажите кои се лепат за тебе, а нејзе не ја ни погледнуваат.

Бидејќи виде како се тресам од возбуда, почна да ме смирува.
-Драга моја, сега кога ја знаеш вистината, мораш да се повлечеш. За љубовта ќе зборуваш само со твојата мајка, а набрзо ќе сретнеш една стара љубов која ќе ти ги потврди моите зборови. Оваа врска ќе ја обновиш, ама мораш да му кажеш на момчето дека знаеш за другарка ти како те оговарала зад грб.

Тргни се од неа и не и зборувај ништо. Немој да се караш ниту да се објаснуваш со неа. Одалечи се и се’ ќе си дојде на свое место. Ќе ти бидат потребни два месеци за да се исчистиш од лошото што ти го има направено.

И навистина, после два месеци го сретнав мојот бивш дечко кој работи во Канада како доктор. Отидовме на кафе и онака, “случајно” му ја спомнав другарка ми, и тогаш се откри целата приказна. На него многу работи не му биле јасни, ама било доцна веќе зошто тој се посветил на кариерата. Ама ми призна дека многу често мислел на мене и му било жал што сме раскинале.

И така, сега јас сум во Канада, а “пријателката” ја блокирав од сите социјални мрежи. Бескрајно сум и благодарна на другарка ми од Сараево и на жената што ми ги отвори очите и што ми помогна да застанам на нозе и да си го вратам животот.

Advertisement

Балкан

Пијан возач фатен со 200 км/ч

Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија денес околу 14 часот го запреа Д.В. (39) во Лозница, кој управуваше возило „суди“ со брзина од 200,8 километри на час на дел од патот Лозница – Шабац, каде што ограничувањето е 100 км/ч.

Со алкотестирање е утврдено дека возачот бил во тешка алкохолна интоксикација, со 1,41 промили алкохол во крвта.

Возачот веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во службените простории, а против него е поднесена прекршочна пријава за насилно возење и возење под дејство на алкохол.

Continue Reading

Свет

Американски разузнавачи: Путин сака целосна контрола над Украина и пошироки територии во Европа

Американските разузнавачки служби предупредија дека рускиот претседател Владимир Путин има намера да ја окупира целата Украина и да ја прошири контролата над делови од Европа што некогаш припаѓале на Советскиот Сојуз, и покрај тековните мировни преговори.

Украинската разузнавачка служба, предводена од генерал-потполковникот Кирило Буданов, исто така оцени дека Русија продолжува да има амбиции за проширување на територијата.

Според шест извори запознаени со податоците на американската разузнавачка служба, воените цели на Путин остануваат непроменети, што е спротивно на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп и неговите преговарачи дека Путин бара крај на конфликтот. Европските лидери, како и американските експерти, веруваат дека Путин има намера да контролира целата Украина и територии од поранешниот Советски Сојуз, вклучително и некои членки на НАТО.

„Разузнавањето отсекогаш велеше дека Путин сака повеќе“, изјави Мајк Кугли, демократски член на Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом. „Европјаните се убедени во тоа. Полјаците се апсолутно убедени, а балтичките земји мислат дека се првите кои го знаеле тоа.“

Во моментов, Русија контролира околу 20% од украинската територија, вклучувајќи ги анектираните покраини Луганск, Донецк, Запорожје, Херсон и Крим. Трамп, како дел од предложениот мировен договор, врши притисок врз Киев да повлече дел од своите сили од мал дел од Донецк, што Зеленски и мнозинството Украинци категорично го отфрлаат.

Иако Белата куќа најавува „огромен напредок“ во мировните преговори, Путин на својата годишна прес-конференција не понуди компромиси и нагласи дека неговите услови мора да бидат исполнети. Според официјални податоци, руските сили напредувале за околу 6.000 квадратни километри оваа година.

Американски официјални лица, меѓу кои и државниот секретар Марко Рубио, признаваат дека е неизвесно дали Путин навистина сака мировен договор или неговата цел е целосна контрола над Украина.

Continue Reading

Свет

Зеленски: Ситуацијата на фронтот станува сè потешка

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека состојбата на фронтот е сериозна и дека бројот на руски сили се зголемува, што ја отежнува ситуацијата за украинските единици.

„Има се повеќе Руси, станува сè потешко. Пристигнав во Купјанск и ситуацијата беше навистина тешка. Линијата на фронтот беше многу блиску, но нашите вооружени сили го контролираат Купјанск“, изјави Зеленски за Полското радио. Купјанск е стратешка цел за руската армија.

Тој потенцираше дека руските трупи „вршат притисок“ и можат да уништат села или да продрат во одредени области. „Ќе направиме сè за да ги спасиме животите на нашите војници, бидејќи пред сè мора да ја зачуваме нашата вооружена сила. Ова не значи дека сме подготвени да се предадеме“, додаде Зеленски.

Претседателот посочи и проблеми со достапноста на одредени видови ракети, особено противвоздушни, поради различни причини, вклучително и доцнења во испораките. Тој истакна дека Украина се соочува и со тешкотии во снабдувањето со енергетски ресурси и системи за воздушна одбрана, но нагласи дека „ова не е обвинување против нашите партнери“.

Зеленски претходно, на 12 септември, ја посети линијата на фронтот во Купјанск, каде што им се заблагодари на украинските единици за нивната посветеност и резултати.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг