Connect with us

Инфо +

Вo сабота Бела ноќ во Скопје, нo работното време на локалите нема да биде продолжено

Скопје и скопјани по 16. пат, в сабота на 26. септември, ќе можат да бидат дел од Бела ноќ – градски културен настан кој стана традиционален.

Една недела порано од вообичаеното, на 10 локации (паркингот пред СРЦ Борис Трајковски, МКЦ, Зеленото пазарче, Ибни Пајко плоштадот, Музејот на современа уметност, Домот на култура Кочо Рацин, Архитектонскиот факултет, Градската библиотека Браќа Миладиновци и Даут Пашиниот Амам), посетителите ќе можат да погледнат перформанси, концерти, изложби и другите културно-уметнички активности.

Бела ноќ, во организација на Универзалната сала, со поддршка на Град Скопје, на граѓаните со својот урбан концепт ќе им ја доближи уметноста, додавајќи и нова, културна димензија.

Годинава централниот настан „Скопските евергрини“ ќе се одржи на паркингот пред СРЦ Борис Трајковски, каде што најпознатите скопските хитови ќе бидат изведени од најголемите македонски музички ѕвезди, Влатко Стефановски, Тамара Тодевска, Јаков Дренковски, Дарио и други, во придружба на Баги Биг Бендот, под диригентската палка на Љупчо Мирковски.

Влезниците за „Скопските евергрини“ пред СРЦ Борис Трајковски и концертот на платото пред МКЦ, се бесплатни и истите можат да се подигнат на билетарите на МКЦ и на Универзална сала.

Со почитување на мерките и препораките на Министерството за здравство и Град Скопје за заштита од болеста, настаните од Белата ноќ в сабота ќе започнат од 19:00 часот и ќе траат до 24:00 часот, работното време на локалите нема да биде продолжено после 24:00 часот, нешто што беше вообичаено за оваа манифестација изминатите години, а граѓаните за локациите и програмата дополнително можат да се информираат и на официјалната веб-страница

https://skopje24.mk/v-sabota-bela-nok-vo-skopje-rabotnoto-vreme-na-lokalite-nema-da-bide-prodolzeno/

Advertisement

Европа

Кошта: Време е Западен Балкан да ја избере Европа

Земјите од Западниот Балкан стојат пред судбоносна одлука: продолжување по патот на старите поделби или храбар исчекор кон заедничка европска иднина. Оваа силна порака ја упати претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, по завршувањето на самитот ЕУ–Западен Балкан, нагласувајќи дека регионот повеќе нема простор за одлагање и двоумење.

„Покрај сите технички аспекти на процесот, суштината е во еден длабок политички избор – избор помеѓу минатото и иднината, помеѓу поделбите и помирувањето, помеѓу изолацијата и соработката. Токму овие вредности се темелите врз кои е изградена Европската Унија“, порача Коста во официјалното соопштение.

Тој нагласи дека процесот на проширување во моментов се движи со динамика каква што не била видена во последните 15 години и дека регионот мора да ја искористи оваа ретка можност. Проширувањето, подвлече Коста, не е трка меѓу земјите кандидати, туку процес заснован на индивидуални заслуги и реформи.

И претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, оцени дека проширувањето повторно е на агендата на Унијата. „За првпат по повеќе од една деценија, проширувањето стана реална и опиплива перспектива“, изјави таа, пофалувајќи го „импресивниот напредок“ на Црна Гора и Албанија, кои, според неа, стануваат позитивен пример за целиот регион.

Во своето обраќање, Кошта ги спомена сите земји од Западен Балкан, со исклучок на Србија, откако нејзиниот претседател Александар Вучиќ одлучи да не присуствува на самитот.

Тој повторно го нагласи забрзаниот напредок на Црна Гора и Албанија и изрази очекување дека Македонија би можела да направи значаен исчекор веќе следната година. За Босна и Херцеговина, Коста оцени дека усвојувањето на реформската агенда оваа година е клучен сигнал и неопходен предуслов за вклучување во Планот за раст, што би ѝ овозможило на земјата целосно да ја искористи поддршката од ЕУ и постепено да се интегрира во европските политики.

Што се однесува до Косово, Коста ги поздрави чекорите за градење доверба меѓу заедниците, истакнувајќи дека претстојните парламентарни избори ќе бидат пресуден момент – не само за зацврстување на реформите, туку и за посериозен и поконструктивен ангажман на европскиот пат.

Continue Reading

Европа

ЕУ ги заострува правилата: Нов режим за депортација на азиланти во трети земји

Европската Унија направи значаен чекор кон построга миграциска политика. Претставниците на земјите-членки и Европскиот парламент рано утринава постигнаа политички договор за нов сет правила со кои драстично се проширува можноста барателите на азил да бидат упатувани во таканаречени „безбедни трети земји“.

Со договорот им се отвора пат на земјите-членки да депортираат баратели на азил во држави надвор од ЕУ што се сметаат за безбедни – дури и во случаи кога лицата немаат никаква претходна поврзаност со тие земји. Доволно ќе биде да постои договор или друг формален аранжман меѓу конкретната членка на ЕУ и третата земја.

Досега, европските правила бараа барателот на азил да има „тесна врска“ со земјата во која се испраќа, како семејни односи или подолг престој во минатото. Со новите правила, таа обврска се укинува за повеќето случаи, што значи дека луѓето може да бидат испратени во држави во кои никогаш не биле и со кои немаат културни, социјални или семејни врски.

Исклучок остануваат малолетниците без придружба. За нив, условот за постоење реална врска со земјата во која би биле депортирани ќе продолжи да важи, како што бараа земјите-членки.

Иако договорот сè уште треба формално да биде усвоен за да стапи на сила, тоа се смета за чиста процедура, бидејќи преговарачите веќе постигнале компромис, наведува ДПА.

Европскиот парламент го расчисти патот за преговори вчера, откако предлогот доби поддршка од десничарско мнозинство. Клучните гласови „за“ дојдоа од пратениците на десниот центар и од крајната десница.

Прашањето дали е потребна лична или правна врска со „безбедна трета земја“ беше тема и во минатогодишните преговори за реформата на Заедничкиот европски систем за азил (CEAS). Тогаш беше договорено условот да остане, но и да биде преиспитан по одреден временски период.

Данскиот министер за имиграција, Расмус Стоклунд, ја оправда потребата од построги мерки со хуманитарни аргументи. „Илјадници мигранти се дават во Средоземното Море или стануваат жртви на шверцери на луѓе кои се богатат на нивна мака“, изјави тој. „Од суштинско значење е да се справиме со факторите што го поттикнуваат овој нездрав и нехуман систем“, пренесе ДПА.

Continue Reading

Свет

Лекарите во Англија стапија во петдневен штрајк

Лекарите во Англија денес започнаа петдневен штрајк поради несогласувања околу платите и условите за работа, јавува Ројтерс.

Станува збор за помладите болнички лекари, познати како „жители“, кои тврдат дека нивните плати во последните години значително се намалиле и дека работат под зголемен притисок и во тешки услови.

Владата, од своја страна, соопшти дека нема фискален простор за значителни покачувања на платите и дека штрајковите се неодговорни, нагласувајќи ја потребата за заштита на здравствениот систем и пациентите.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг