Connect with us

Инфо +

Атиџе се онеcвеcти на Саемот за пчеларство, лекари од Бpза помош ја освестуваа

Published

on

Хероината од филмот „Медена земја“, Атиџе Муратова, падна во несвест за време на отворањето на „Денови на македонскиот мед“ во Скопје, на улица Македонија, во организација на пчеларското здружение „Матица“, објави Плус Инфо. 

Веднаш била повикана Брза помош и во моментов лекарите ѝ ја даваат потребната нега.

Инаку, на штандовите поставени на улицата Македонија се изложени пчелни производи од пчелари од цела Македонија, а посетителите можат да дегустираат мед и да се информираат за матичниот млеч, поленот и прополисот како здрава храна.

Таа изгубила свест за време на говорот на министерот за земјоделство Аријанит Хоџа и на градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Македонија

Меџити се сретна со конгресменот Адерхолт: „Поддршката на САД е гаранција за иднината на Северна Македонија“

Published

on

Претседателот на Демократското движење и прв вицепремиер, Изет Меџити, оствари значајна средба со републиканскиот конгресмен од Алабама, Роберт Адерхолт.

На средбата се разговараше за повеќе клучни прашања кои ги засегаат односите меѓу Северна Македонија и САД, со посебен акцент на зајакнувањето на стратешката соработка меѓу двете земји. Двете страни се согласија дека продлабочувањето на овие односи треба да остане заеднички приоритет.

Меџити ја потврди непоколебливата заложба на Северна Македонија за европска интеграција, истакнувајќи дека земјата останува фактор на стабилност во регионот. Тој ја нагласи важноста на сојузништвото со САД како неопходна поддршка за развојот и безбедноста на земјата.

„САД се нашиот главен стратешки партнер и нивната континуирана поддршка останува гаранција за иднината на Северна Македонија. Ја цениме силната и натпартиска посветеност на Соединетите Држави во поддршката на нашиот евроатлантски пат“, истакна Меџити.

Конгресменот Адерхолт, од своја страна, ја потврди посветеноста на САД за зајакнување на партнерството со Северна Македонија и поддршката за нејзината интеграција во евроатлантските структури.

Continue Reading

Македонија

Македонската берза со пад на индексот МБИ10, но стабилно тргување со водечките компании

Published

on

Вчерашното тргување на Македонската берза заврши со значителен пад на главниот берзански индекс МБИ10, додека обврзничкиот индекс ОМБ остана непроменет.

Според официјалниот извештај, МБИ10 се затвори на 10.447,65 поени, што претставува пад од 252,18 поени или 2,36%. Овој пад сигнализира негативни движења на пазарот, но дел од котираните компании забележаа значителен обем на тргување. Од друга страна, ОМБ (обврзничкиот индекс) остана стабилен на 124,52 поени, без промени.

• Тргување со акциите на водечките компании

На официјалниот пазар беа забележани следните значајни промени во тргувањето со акциите на неколку компании:

Комерцијална банка АД Скопје се тргуваше во опсег од 30.197 до 28.650 денари, со просечна цена од 29.517,35 денари. Вкупниот обем на тргување со овие акции изнесуваше 707 акции.

Алкалоид АД Скопје тргуваше во границите од 28.750 до 27.800 денари, со просечна цена од 28.251,29 денари. Денес беа истргувани 368 акции од оваа компанија.

Гранит АД Скопје забележа тргување по фиксна цена од 1.900 денари, без осцилации во цената. Вкупниот број на истргувани акции изнесуваше 2.067.

Макпетрол АД Скопје се тргуваше во опсег од 101.000 до 98.999 денари, со просечна цена од 100.118,24 денари. Вкупниот обем на тргување достигна 34 акции.

Македонијатурист АД Скопје имаше стабилно тргување по фиксна цена од 10.600 денари, со 80 акции истргувани во текот на денот.

И покрај падот на индексот МБИ10, тргувањето со акции на водечките компании покажува дека пазарот сè уште има одредена стабилност. Значителниот обем на тргување кај некои компании укажува на континуиран интерес од страна на инвеститорите, иако внимателноста останува зголемена поради негативниот тренд на индексот.

Очекувањата за наредните денови ќе зависат од реакцијата на инвеститорите и можните економски вести кои би можеле да влијаат на берзанската динамика.

Continue Reading

Македонија

Општина Битола обезбеди средства за подобрување на пристапноста на лицата со попреченост

Published

on

Општина Битола минатата година на седум лица со попреченост и додели финансиска помош од 400.000 денари.

Општина Битола обезбеди финансиски средства за подобрување на пристапноста, мобилноста и функционалноста на лицата со попреченост.

Средствата од програмата за социјална заштита ќе се исплаќаат по реализиран јавен повик за искористување на финансиска помош со која се овозможува адаптација на пристапност, мобилност и функционалност до и во домот на лицата со попреченост или адаптација на инфраструктурата и набавка на неопходна опрема.

Од Секторот за односи со јавност на Општина Битола посочуваат дека корисниците може да вршат поставување или изградба на пристапни рампи, платформи, лифтови, направи за искачување на скали, прилагодување на тоалети, проширување на врати, изградба на пристапни патеки, како и набавка на специјализирана опрема за мобилност и функционалност. Средствата во максимален износ од 61.500 денари се исплаќаат на корисникот.

Општина Битола минатата година на седум лица со попреченост и додели финансиска помош од 400.000 денари.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк