Баба Деспина – најстарата личност во светот која е снимена на камера во 1905 година

Баба Деспина – најстарата личност во светот која е снимена на камераВо 1905 година, браќата Јанаки и Милтон Манаки го направиле својот прв филмски кадар во траење од 60 секунди „Баба Деспина“. Снимена бабата на Јанаки и на Милтон Манаки, Деспина, како преде. Филмот снимен во стандард техника, без звук, во црно бела техника и на 35мм филм.Бабата Деспина била родена 1791 година, и во 1905 имала 114 години. Таа е најстарата личност на светот што е снимена на камера.