Добитник на 7-ца:Битолчанецот Леци освои над 500 илјади евра -31 милион денари

„Државна лотарија“ во рамките на новото коло на Лото7, синоќа го објави добитникот на 7-та од Битола, кој освои над 31 милион денари или над 506 илјади евра, пренесува Тера.мк

Се работи за семејството Јанковски од Битола, кое пред продажното место „Алек табак“ на Ат пазар во Битола се сретна со претставници на „Државна лотарија“ и заедно ја споделија радоста за оваа 7-ка, која досега е најголемата постигната премија од играта на среќа лото, во историјата на „Државна лотарија”.

Тука уплатени се 4 (четири) комбинации Лото 7 и 1 (еден) Џокер, а добитна е 4-тата лото комбинација со броевите: 8, 11, 20, 22, 28, 31 и 35, и со ова, ова продажно место стана најсреќното место во Македонија.