Мурињо:„Тешко ќе биде во Македонија“ – а ние што сме цел живот тука ?

„Ништо не знам за Шкендија, но знам дека ќе биде тешко во Македонија. Се игра еден натпревар што претставува дополнителен ризик. Кога има реванш секогаш може да ги исправите грешките“, рекол португалскиот стратег.

Жозе Мурињо по мечот со локомотив рекол дека очекува тешко гостување во Македонија. Тотенхем претходно ќе мора да игра со Саутемптон во премиер Лигата и Лејтон во Лига купот.
Но коментарите на интернет се дефинитивно врвот:

Тешко, за нас е секојдневие

Кога ќе види со кој си има работа, ќе сака побрзо да си замине од тука како пола младина

Еден ден си овде и одма ти е тешко а ние што сме цел живот што да кажеме ?

Тешко не е во Македонија, тешко е горе на малтер со количка во Германија