Connect with us

Инфо +

Од 29 до 5 октомври: Бесплатно кино од автомобил,

Published

on

Во месецот на одбележувањето на првиот роденден од воведувањето на брендот А1 на македонскиот пазар, компанијата А1 Македонија продолжува со изненадувања за јавноста и со задоволство го најавува уникатниот настан за сите љубители на филмот – А1 Drive-in кино, со богата филмска понуда што на сите посетители ќе им овозможи оригинално доживување.

Посетителите, од своите автомобили ќе ги следат филмовите што ќе се прикажуваат на специјално проектно платно со DCP проектор, додека звукот што ќе се емитува преку FM фреквенција ќе го следат преку радио уредот во својот автомобил.

На седумдневниот репертоар на А1 Drive-in киното ќе бидат прикажани филмови од различни жанрови, а официјалното отворање на 29 септември во 21 часот ќе започне со проекција на годинашниот оскаровец „Паразит“ (Parasite, 2019). Паркингот на А1 Арената (СЦ Борис Трајковски) е подготвен да пречека по 100 возила за една проекција. Влезниците се бесплатни, со претходна резервација преку веб-страницата www.karti.com.mk.

„Инспирирани токму од нашите корисници и од желбата за безбедна социјализација во време на здравствената криза, креиравме настан што ќе овозможи уште поголема содржина и повеќе забава за сите, но истовремено ќе понуди и ново, уникатно искуство за сите љубители на седмата уметност. A1 Drive-in киното е организирано согласно сите протоколи за одржување настани на отворено и на сите посетители им посакуваме да уживаат во седумдневните проекции“, изјави Методија Мирчев, извршен директор на А1 Македонија.

Во деновите што ќе следуваат, A1 Drive-in киното ќе понуди уште 6 кинопроекции на врвни филмски наслови, односно по еден на вечер, и тоа „Вистина“ (The Truth, 2019), „Уште една тура“ (Another Round, 2020), „Пинокио“ (Pinocchio, 2019), „Офицер и шпион“ (An Officer and a Spy, 2019), „Проксима“ (Proxima, 2019) и популарниот документарец за фронтменот на поранешната група „Оејзис“ (Oasis), „Лиам Галагер: Како што беше“ (Liam Gallagher: As It Was, 2019), кој е предвиден за затворањето на настанот на 5 октомври.

Резервација на влезниците треба да се направи најдоцна до 12 часот на денот на проекцијата и потребно е при влегувањето таа да се покаже на мобилниот телефон или во отпечатена форма. Влезот за сите денови е од 19:30 до 20:30 часот, а, пак, проекциите започнуваат во 21 часот.

Со цел поголема достапност на проекциите за колку што е можно поголем број посетители, бројот на резервации по проекција е ограничен. Притоа, едно лице може да изврши една резервација што важи за едно возило. А, пак, согласно мерките и препораките за заштита и превенција од болеста, посетителите во возилото треба да носат заштитни маски доколку не се членови на исто семејство.

Со оглед на условите што ги нуди просторот, влезот за A1 Drive-in киното ќе биде овозможен само за автомобили, а не за комбиња, мотори и велосипеди, и тие ќе се распоредуваат на паркингот според времето на пристигнување.

A1 Македонија апелира за задолжително почитување на мерките за заштита и превенција од болеста.

Македонија

Негувањето на Вевчанскиот карневал е традиција што нè прави посебни

Published

on

Со традиционалното дефиле под маски, денеска во Вевчани почна официјалниот дел од Вевчанскиот карневал, кој претставува едно од главните обележја на Вевчани за празникот Св. Василиј, односно Василица.

Во своето обраќање пред присутните, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, истакна дека  Вевчанскиот карневал е од особено значење за културниот и туристичкиот развој на нашата земја и дека негувањето на оваа традиција е она што нè прави посебни, она што ни дава идентитет и гордост.

„Секоја година, на Василица, овој карневал со својата над илјадагодишна традиција нè обединува сите нас, сите  добронамерници со карневалски дух од целиот свет. Ние сме горди на Вевчанскиот карневал бидејќи тој му порачува на светот дека македонскиот народ има обичаи и култура кои не изумираат, туку се пренесуваат од генерација на генерација. Министерството за култура и туризам и годинава, како и во годините што доаѓаат ќе продолжи со континуираната поддршка на овој наш национален бренд кој придонесува не само за културниот, туку и за туристичкиот развој на нашата земја“, рече Љутков.

Дефилето почна од почетокот на селото, движејќи се низ главната улица до центарот, каде што маскираните го вртат василичарското оро. Новата година, според Јулијанскиот календар, ќе биде дочекана вечер со огномет во центарот на Вевчани, а присутните ќе ги забавуваат „Љубојна“, Наум Петрески, оркестарот „Вевчани“, како и Перо Бели и Коки Биоритам.

Манифестацијата ќе заврши со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани, на 14 јануари.

Continue Reading

Македонија

Успешна трансплантација на коска од починат донор на 13-годишно дете во Скопје

Published

on

На Универзитетската клиника за ортопедски болести во Скопје успешно беше извршена трансплантација со имплант, односно коска од починат донор, која беше имплантирана на два прста кај 13-годишно дете со брахидактилија. Ова е првпат во Македонија да се изврши ваков тип на трансплантација, а детето има уреден постоперативен тек, соопшти Министерството за здравство.

Министерството изрази благодарност и честитки до целиот тим кој го водеше процесот, предводен од д-р Даница Поповска и доц.д-р Илир Шабани, како и до сите здравствени работници кои учествуваа во оваа важна трансплантација, вклучувајќи д-р Лилјана Ангелеска, д-р Теодора Божиновска, д-р Филип Видоевски, инструментарките Сузана Пејчиновска и Арјета Мемети, анестетичарот Менка Дојчиновска, радиолошкиот технолог Крешник Шеху и гипсерот Ирена Галевска.

Проф.д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација, изрази благодарност и најави дека ќе продолжат со уште посилно темпо за подигнување на свесноста за трансплантацијата како највисок акт на човекољубие.

Continue Reading

Македонија

Акција на МВР: Приведени егзотични девојки

Published

on

Денес во 02.10 часот полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле акциска контрола во угостителски објект во с. Добридол, гостиварско,

Од МВР информираат дека во објектот се пронајдени и приведени седум странски државјанки поради злоупотреба на туристичкиот престој и престојување спротивно на целта на престојот. Од нив пет се од Бразил, една од Колумбија и една од Венецуела, на возраст од 22 до 34 години. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк