Легенда за сината пеперутка: Оваа приказна е сè што треба да знаете за животот

Постои една источна легенда за човек кој ја загубил сопругата, но имал две мали ќерки. Девојчињата биле многу љубопитни, интелигентни и секогаш желни за знаење. Тие постојано го изненадувале својот татко со разни прашања. Тој понекогаш ја споделувал својата мудрост со нив, но често му било многу тешко да пронајде вистински одговор на нивните прашања.

Една ноќ, тие смислиле подмолен план: да му постават на мудрецот прашање на кое тој нема да има одговор.

„Како можеме да го надмудриме мудрецот? Што да го прашаме за да нема одговор на прашањето?“, прашала помладата сестра.

„Почекај овде, сега ќе ти покажам“, ѝ кажала постарата сестра. Таа отишла во шумата и се вратила еден час подоцна, држејќи во раката торбичка во која криела нешто.

„Што има внатре?“, ја прашала помалата сестра, а таа ја вовлекла раката во торбичката и од неа извадила прекрасна сина пеперутка „Колку е прекрасна! Но, што ќе правиме со неа?“.