“Може пари нема за деца и донации ама затоа за украсување и сијалички има”

Град Скопје се подготвува за Нова година: Ќе се потрошат 200.000 за украсување

Град Скопје денеска го објави тендерот за новогодишно украсување на улиците, булеварите и плоштадите низ градот. Проценетата вредност на договорот е 200.000 евра без ДДВ.

„Декорирањето и украсувањето за време на новогодишните празници треба да е на високо естетско ниво, во духот на модерното време на живеење, со современ и атрактивен дизајн, уметнички и ликовни ефекти“, стои во тендерската документација објавена на сајтот на Бирото за јавни набавки.

Градоначалникот Петре Шилегов вели дека градот кон почетокот на декември ќе биди украсен, а дали ќе има новогодишен пречек и дали ќе се одржи манифестација „Винтерленд“, ќе зависи од епидемиолошката слика односно од состојба со коронавирусот.

Лани новогодишното украсување на Скопје чинеше 260.000 евра. На новогодишната прослава на Плоштадот Македонија пееше босанскиот пејач Дино Мерлин. Настапот на Мерлин, како што кажа лани Шилегов, бил платен од спонзорства, пишува СДК.МК.

Оваа вест привлече многу коментари на социјалните мрежи како :

Може пари за лаптопи за децата во школо да учат нема ама затоа за новогодишни сијалички има

Која е потребата од украсување ? Не сме рационални луѓето и понатаму се лечат до донации

Подобро да ги насочиме парите во нешто продуктивно донирајте ги парите нас само една елка ни треба да се обележи сигурно таа не е 200 000 евра