Connect with us

Инфо +

Пет дена на инфективна клиника државата ја чини 41.250 денари, во другите болници 30.844 денари

Published

on

Пет дена лекување на пациенти болни од најновата болест на Инфективна клиника ја чини државата 41.250 денари, а во во другите болници каде што се лекуваа овие пациенти – 30.844 денари. Цената за лекување на респиратор е од 76.375 до 305.500 денари ако пациентот е приклучен на механичка вентилација повеќе од 15 дена.

Ова се новите цени кои Фондот за здравствено осигурување ги изработи, со цел реално да се пресметаат трошоците за лекување на пациенти со заразата. Бидејќи станува збор за нова болест која ја нема во ценовникот на здравствените услуги, од Фондот велат дека болниците досега нерално ги фактурираа трошоците за лекување на заболените.

„Земајќи го предвид фактот дека во болниците низ државата се третираат пациенти со полесна клиничка слика, додека потешките се испраќаат на Инфективната клиника, нивните реални трошоци за третман на овие пациенти се пониски па затоа беше потребно да се направат посебни пакети за нив со пониска рефернтна цена. Во однос на ГОБ „8 Септември“ која беше национален центар и во која исто така се лекуваа најтешките случаи во државата, исплатени се повеќе пари бидеќи таму имаше поголем број пациенти на респиратори, а цената за нив е повисока“, велат од Фондот за здравство.

Остатокот од текстот прочитајте го на СДК.мк

Македонија

Заврши акцијата „Вардар“, приведени десет лица: Уапсените фалсификувале евра и ги пуштале во промет!

Published

on

Заеднички истражен тим од Македонија и Србија по повеќемесечна меѓународна соработка, од утрово спроведуваше координирани активности за разоткривање на криминална група што се занимавала со фалсификување и нудење на пазар на европска валута – евро во различни апоени. Координацијата и спроведувањето на активностите на македонската територија се под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Извршени се 23 наредби за претреси на лица и дом и притоа се обезбедени материјални докази, информираат вечерва преку соопштение од Јавното обвинителство.

Заеднички истражен тим од Македонија и Србија по повеќемесечна меѓународна соработка, од утрово спроведуваше координирани активности за разоткривање на криминална група што се занимавала со фалсификување и нудење на пазар на европска валута – евро во различни апоени. Координацијата и спроведувањето на активностите на македонската територија се под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Извршени се 23 наредби за претреси на лица и дом и притоа се обезбедени материјални докази, информираат вечерва преку соопштение од Јавното обвинителство.

При претресите се пронајдени и одземени парични средства во износ од околу 500 000 евра, 25 000 американски долари, 500 швајцарски франци, 1800 израелски шекели, 500 хрватски круни, 10 000 албански леки, 1000 шведски круни и 25 000 рубљи. Воедно се пронајдени топли ваљаци, преси, ЦНЦ машина за изработка на калапи и жигови со кои се изработувале фалсификуваните пари, копии од делови од банкноти, пиштол, куршуми, кесиња со прашкаста бела и кафеава материја, телефонски апарати, сим картички, УСБ, детектор за фалсификувани банкноти, холограми, бројачи на пари, други предмети за фалсификување пари и лаптопи кои ќе бидат предмет на вештачење. Воедно десет лица се лишени од слобода.

Операцијата се надоврзува на претходната операција од август минатата година спроведена од ОЈО Скопје и косовското Специјално обвинителство, кога беа пронајдени и запленети машини за фалсификување на евромонети, готови и полуготови фалсификувани монети, калапи и материјали потребни за изработка на монетите, а во Косово беше уапсен македонски државјанин кој ги произведувал и пуштал во оптек.

Денешната операција во целост е поддржана од ЕВРОПОЛ и од Проектот на ЕВРОПРАВДА за кривична правда на Западен Балкан, кои овозможија оперативна координација, критична разузнавачка анализа и техничка помош за реализација. Истовремено, во денешната акција во РСрбија се извршени претреси на повеќе локации во Нови Пазар, Нови Сад, Сомбор и Суботица и притоа се приведени шест членови од криминалната група, а запленети се 180 000 фалсификувани банкноти – евра.

Со подетални информации јавноста ќе биде информирана во текот на утрешниот ден по донесување на Наредбата за спроведување на истражна постапка, информираат од ЈО.

Continue Reading

Македонија

ВИДЕО I Колачи за паднат шеќер, а во нив мобилен да се чуе со тато – вака Васил Јованов го добил телефонот во Шутка

Published

on

Добро спакуван во кутија од колачи од една затворска соба, мобилниот телефон стигнал до Васил Јованов – возачот кој ја усмрти 22 годишната Фросина Кулакова. Додека шетал во дворот, притвореник од Гевгелија побарал пари за да ја прати кутијата со колачи во соседната ќелија, а внатре да стави и мобилен, со кој Јованов се јавувал кај неговите родители и девојка му, информир Алфа телевизија.

Истрагата покажала дека затворскиот чувар воопшто и не знаел дека внатре има телефон, па кутијата со благо ја однел во ќелијата во која бил и Јованов, вели во изјава за Алфа, директорот на Шутка, Бубан Утковски.

-Затворскиот полицаец X.A. кој бил распореден во ходникот Д, го замолува да достави благо во друга соба, односно во собата во која е сместен В.Ј. при тоа не посочува ниту едно лице каде што е и посочениот, за да не се посомнева затворскиот полицаец. Претходно, затворениците во собата каде е В.Ј. тропаат на врата и бараат благо бидејќи на еден затвореник му се слошило и му паднал шеќерот, вели Бобан Утковски – Директор на Затворот „Скопје“.

Парите за телефонот, биле предадени од роднини на Јованов на брат му на  притвореникот кој ја смислил како да му обезбеди мобилен. Во меѓувреме, друг од притворското одделение во Шутка го сликал Јованов преку прозор и фотографиите ги споделил со другари од надвор, па така беа и јавно објавени.

-Притвореното лице се јавува на член на неговото семејство, за да однесе пари кај лицето В.Б. кој е брат на притворениот И.Б. Направен е претрес, телефонот е одземен, а притворените лица се разместени во различни крила во притворот, вели Утковски за Алфа.

Сите кои учествувале се разместени во различни крила во Шутка, а истрага продолжува вели Утковски, која меѓу другото треба да покаже како телефонот воопшто се нашол внатре во ќелиите, со оглед на тоа дека секој поминува низ скенер пред да влезе во притворот.

https://youtu.be/X9rTxsfnjjU?si=EQSOgUPxz6nF8GcD

Continue Reading

Македонија

Правда за Фросина: Имаме луѓе задоени од чемерот на антисистемот претворени во наркодилери, убијци и тешко потплатени судии и обвинители

Published

on

Имаме луѓе задоени од чмерот на антисистемот претворени во наркодилери, убијци и тешко потплатени судии и обвинители, рече таткото на трагично убиената Фросина Тодор Кулаков во своето обраќањето пред насобраниот народ кои по вторпат на протест бараат правда за Фросина.

-Се работи за систем и антисистем. Од една страна системот ни ствара универзални вредности, правила, цивилизациски конектори, начела каде што децата се учат во домовите, во школите, во црквите. Затоа некои од нив зарадни нивниот хуманистички пристап стануваат херои на нашето време. Дозволете ми, Фросина да ја сместам во тие херои на нашето време, со солзи во очите се обрати пред насобраните демонстранти таткото на прегазената Фросина, Тодор Кулаков.

Судии, обвинители, проценители, извршители направија балкански дуќани, друштва за за наддавање како аукциски куќи, кој ќе плати повише мито, тој добива, говореше ожалостениот Кулаков.

Другите, оние кои се задоени со чемерот на антисистемот, претварајќи се во наркодилери, насилници, убијци заедно со тешко потплатени судии, обвинители и други. Кои што судии, обвинители, проценители, извршители направија балкански дуќани, друштва за за наддавање како аукциски куќи, кој ќе плати повише мито, тој добива. А по поравило без исклучок тоа криминалците и нивните адвокати добиваат, рече Кулаков во обраќањето пред насобраниот народ кои по вторпат на протест бараат правда за Фросина.

Фросина Кулакова на 29 јануари на бул. „Партизански одреди“ беше сммртно удрена од автомобил кој што го управувал 20годишниот Васил јованов.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк