Connect with us

Инфо +

280.000 луѓе ќе добијат 6.000 денари, картички ќе добијат пензионери, невработени и студенти

Владатата ќе даде платежни картички Купувам домашно на 280.000 граѓани на државата во вкупна вредност од 27,6 милиони евра. По 6.000 денари на картичка ќе добијат пензионерите, граѓани од ранливи категории, студенти

Премиерот Зоран Заев соопшти кои се мерките од четвртиот пакет антикризни мерки, меѓу нив една е мерката за платежни картички.

Оваа мерка е за стимулирање на личната потрошувачка. Платежните картички се со износ од 6.000 денари, а ќе го добијат 5.726 граѓани од ранливи категории, но и пензионери кои имаат пензија до 15.000 денари. Картичка добиваат и пасивните баратели на работа, рече Заев.

Ваква картичка ќе добијат и 540 студенти кои не добиле во претходниот пакет, плус ученици како поддршка за ученички стандард. Право на картичка ќе има и граѓаните кои навршиле возраст за пензионирање, ама немаат пензија. 

Advertisement

Балкан

Падна најмоќниот српски нарко картел – Еве што открила полицијата

Меѓународна полициска акција, спроведена од српското Министерство за внатрешни работи (УКП и СБПОК) во координација со обвинителствата во Белград и Виена, резултираше со разбивање на организирана криминална група која со години се занимавала со производство и дистрибуција на марихуана низ Европа.

Апсењата се извршени истовремено во Србија, Австрија и Шпанија. На територијата на Белград и Бор е уапсен осомничениот организатор А.П. (39) од Белград, заедно со членовите М.Ѓ. (49) и Б.С. (35) од Бор. Коорганизаторот Д.С. (45) е приведен во Шпанија, на аеродромот во Мадрид.

Во Австрија, полицијата уапси уште четворица членови на групата, сите од Бор: С.М. (40), С.С. (52), Б.Р. (51) и М.Т. (35).

При претресите во Виена биле откриени три целосно опремени лаборатории за одгледување марихуана во вештачки услови, со илјадници растенија во различни фази на раст. Запленети се и 75 килограми сува марихуана подготвена за продажба, како и поголема сума пари, скапи часовници и луксузни возила.

Според истрагата, А.П. и Д.С. раководеле со криминалната мрежа која дистрибуирала марихуана на пазарите во Србија, Австрија и Северна Македонија. Пониско рангирани членови биле испраќани во Австрија, каде што со логистичка поддршка од М.Ѓ. и Б.С. биле изнајмувани објекти и воспоставувани лаборатории, а новите членови биле обучувани за одгледување на дрогата.

Осомничените уапсени во Србија се задржани до 48 часа и ќе бидат изведени пред Вишото јавно обвинителство во Белград, со кривични пријави за неовластено производство и ставање во промет на наркотични дроги.

Continue Reading

Балкан

Блокадите на земјоделците во Грција ја празнат зимската сезона: Откажани до 50% од резервациите

traktor

Протестите на грчките земјоделци, кои од 30 ноември блокираа автопатишта низ целата земја, предизвикаа драстичен пад на туристичките резервации во планинските зимски дестинации. Според хотелиерите, откажувањата достигнаа и до 50 проценти, а загубите не се ограничени само на Божиќ и Нова година, туку траат речиси еден месец.

„Не зборуваме за еден или два продолжени викенда. За 25 дена изгубивме половина од резервациите. Ако пред празниците се надевавме на полна зафатеност, сега максимално достигнуваме 50 проценти исполнетост“, вели Јоргос Зафирис, претседател на хотелиерите од Магнисија. Во Јанина, откажувањата изнесуваат меѓу 20 и 25 проценти, а во Трикала, каде се наоѓа популарниот „Мелницата на џуџињата на Дедо Мраз“, првично 100-процентната зафатеност се намали на 60 проценти.

Претседателот на федерацијата на грчки хотелиери, Јанис Хаѕис, истакна дека причината не е кај клиентите, туку во блокадите, и повика на мерки за намалување на економската штета врз туристичкиот сектор. Федерацијата пред 12 дена испрати писмо до министерствата за транспорт, земјоделство и заштита на граѓаните, нагласувајќи дека протестите се разбираат, но дека тие не смеат да предизвикуваат несразмерни последици за локалните економии.

Иако земјоделците вчера ги тргнаа дел од блокадите, сообраќајот се очекува да се нормализира дури до петок, додека тракторите остануваат паркирани во една од коловозните ленти, симболично потсетувајќи дека протестите, и покрај делумното попуштање, сè уште оставуваат трага врз туристичкиот сектор.

Continue Reading

Свет

Дронови од Украина предизвикаа пожар ноќта во Краснодар – горат резервоарите за нафта

Темрјук, пристанишниот град на Азовското Море во рускиот регион Краснодар, стана цел на уште еден ноќен напад со беспилотни летала од Украина. Во нападот беа запалени резервоари со нафтени деривати, а пожарот зафати површина од околу 2.000 квадратни метри. Десетици пожарникари и службеници за цивилна заштита се бореа со огнот за да го локализираат и спречат понатамошно ширење.

Ова не е прв пат Темрјук да биде погоден. Градот веќе беше нападнат со беспилотни летала ноќта меѓу 4 и 5 декември, што ја потврдува стратегијата на Украина да ги таргетира руските нафтени постројки. Целта на овие акции е двојна – да се наруши снабдувањето со гориво за руските сили на украинска територија и истовремено да се одземе значаен извор на приход за руската економија.

Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта успеало да пресретне и уништи 141 украински дрон. Најтешко погоден беше Брјанскиот регион на границата со Украина, а градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, исто така извести за голем број соборени дронови над руската престолнина.

Оваа серија напади ја нагласува ескалацијата на воздушните акции од страна на Украина и предизвикува зголемена загриженост во рускиот јужен регион, каде инфраструктурата за гориво е постојано изложена на ризик.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг