Филипче веќе не може да издржи: Нема повеќе попусти – ќе ги забраниме сите настани

Целиот свет се подготвува за силен есенски бран од Ковид-19. Најавите не се добри односно се загрижувачки, па разбирливо е зошто се најавуваат и засилување на дел од мерките или враќање на дел од старите мерки.

Во врска со синоќешниот културен настан „Бела ноќ“, министерот за здравство, Венко Филипче, посочи дека нивните информации се дека мерките се почитувале во рамките на организацијата, значи гостите седеле согласно препораките, столчињата биле на соодветна дистанца, но мерките не се почитувале надвор од организираниот простор.

– Во таа смисла најавивме претходните денови дека ќе преземеме и дополнителни рестриктивни мерки, а една од нив е целосна забрана за настани, ако видиме дека ова ќе продолжи. Многу земји во светот ги откажуваат настаните и концертите за практично цела 2021 година, стравувајќи од непочитување на мерките. Интензивно ќе следиме и ќе видиме што ќе преземеме, додаде Филипче.

-Нема потреба од рестрикции и карантини, но ако има значајна промена на епидемиолошката слика првиот чекор би бил некоја форма на поблаги рестриктивни мерки,- рече Филипче.

„Тие контроли на случаите и увид во епидемиолошките анкети кои ги прават епидемиолозите сега засега не оставаат простор за некаква паника, односно дека има најава дека има неконтролирано ширење на вирусот, нешто што би требало да наметне потреба од некакви дополнителни рестриктивни мерки,- рече Филипче.