Kолибата ја дели со животните – 36-годишниот Борче живее во влага, без струја и вода

Ова е Борче Грујиќ, живее во населба Пржино – Скопје, а многу ги сака животните и птиците. Денот го поминува грижејќи се за нив.

Борче живее сам и во многу тешки услови во старата куќа без елементарни услови. Ходниците на куќата се преполни со шишиња вода. Освен ова, Борче нема ниту електрична енергија.- Реклама –

За Борче ги прашавме неговите соседи. Велат дека е мирен и сакан сосед за нив. Додаваат дека тој навистина има потреба од помош, за да има нова куќа со елементарни услови за живеење.

Борче не е примател на социјална помош и покрај тоа што, како што вели, ги има сите документи. Има кокошки и кози, па се храни со јајца и козјо млеко. Вели дека и козата нема доволно млеко бидејќи нема со што да ја храни. Единственото нешто што бара Борче е нормален живот како сите други.