Connect with us

Инфо +

„Образованието е право, а не привилегија – Треба Вие да ни обезбедите компјутер и бесплатен интеренет за секое дете“

Наместо да ни праќате писмо со каква конфигурација треба да обезбедиме за нашите деца, треба Вие да обезбедите компјутер и бесплатен интеренет за секое дете. Образованието во Македонија е задолжително и основно право на секое дете и оттука секое дете треба да има исти услови за развој. Од ваквата ваша стратегија произлегува дека образованието е привилегија на богатите. Како самохрана мајка јас сум успеала да обезбедам услови за моето дете, но што е со сите оние родители кои немаат услови или кои имаат повеќе деца. Како ќе следат повеќе деца од едно семејство настава во различни оделенија на еден уред? Образованието треба да е инклузивно, а не ексклузивно!Образованието е право, а не привилегија! Со почитСнежана Стојчевска

<iframe src="https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fsnezana.stojcevska.7%2Fposts%2F10222653654425658&show_text=true&width=552&appId=446728129289183&height=729" width="552" height="729" style="border:none;overflow:hidden" scrolling="no" frameborder="0" allowTransparency="true" allow="encrypted-media"></iframe>

Advertisement

Балкан

Вучиќ: Белград e под притисок од сите страни, без вистинска поддршка од светските сили

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија формално останува на европскиот пат, но во практика нема поддршка од ниту една голема сила – ниту од Истокот, ниту од Европската Унија, ниту од Соединетите Американски Држави.

Говорејќи на годишната конференција со претставниците на дипломатско-конзуларната мрежа, Вучиќ оцени дека Србија не го почувствувала очекуваниот напредок во односите со САД, ниту во делот на царините, ниту во врска со санкциите кон Нафтената индустрија на Србија (НИС), која е во мнозинска руска сопственост.

Тој истакна дека кога Србија се соочувала со тешкотии, ниту една од големите сили не застанала отворено зад Белград, туку, како што рече, сите поставувале дополнителни барања и вршеле притисок, без да понудат конкретна поддршка.

Вучиќ потсети и на неусешниот обид за приближување кон новата американска администрација, кога српската делегација не учествуваше на планиран настан во Флорида. Воедно, тој повтори дека Србија не се откажува од ставот дека Косово и Метохија се составен дел од државата и нагласи дека, според него, меѓународните договори што се однесуваат на ова прашање не се почитуваат.

Continue Reading

Свет

Нови барања од Москва за постигнување на мировниот договор

Русија ќе инсистира на клучни измени во најновиот мировен план на САД за завршување на војната во Украина, вклучително и дополнителни ограничувања за украинските вооружени сили, пренесува Блумберг, повикувајќи се на извор близок до Кремљ.

Според истиот извор, документот од 20 точки подготвен од Украина и САД Москва го гледа како почетна основа за разговори, но оценува дека не ги содржи суштинските барања на Русија и остава отворени повеќе клучни прашања. Меѓу нив се гаранции против идно проширување на НАТО кон исток и статус на воена неутралност за Украина, дури и во случај на нејзино членство во Европската Унија.

Русија, исто така, бара ограничувања за повоените украински вооружени сили и типови оружје, јасни гаранции за статусот на рускиот јазик во Украина, како и појаснување околу укинувањето на санкциите и судбината на замрзнатите руски државни средства на Запад.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека и натаму постојат разлики меѓу Киев и Вашингтон, особено околу територијалните прашања и управувањето со нуклеарната централа Запорожје, но додаде дека разговорите значително напреднале и се ближат кон финализирање на документите.

Continue Reading

Балкан

Инцидент во Лерин: Македонска песна забранета на празнична прослава

За време на празничната прослава на Коледе во Лерин (Флорина), настап на македонската народна песна „Софка на татко“ беше прекинат по интервенција на градоначалникот Василеос Гианакис. Музичкиот бенд „Ендопика“ бил укажан дека не смее да пее на македонски јазик и дека песната може да се изведе исклучиво во инструментална форма.

Според активистот Павле Васкопулос, ваквите случаи на притисок и дискриминација не се новина за Македонците во Леринско, Костурско и Воденско. Тој истакна дека граѓаните кои јавно зборувале за своите права често биле етикетирани како „скопски агенти“. Телевизија 24 побара став од Општина Лерин, но до објавувањето на прилогот одговор не е добиен.

Црлиот текст може да го прочитате на Телевизија 24

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг