Connect with us

Инфо +

„Ехх Груевски испадна жена да те победи во машкоста“

Published

on

Револтирачки фб статус од како искочи веста дека Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска во затворот Идризово пристигнала во 18 часот еве дел од статусот:

Европа

Тројански коњ во 21-ви век: Руската војска добила наочари, експлодираат штом се вклучат

Published

on

Кациги за контрола на дронови со пластичен експлозив.

Руските војници неодамна добиле пратка на посебни кациги за контрола на дронови – проблемот е во тоа што биле подесени да експлодираат чим се вклучат.

Непознати лица се обиделе да извршат саботажа на рускиот воен персонал со испраќање на серија од овие “наочари” долж хуманитарните линии, кои би се детонирале кога ќе се вклучат, пренесе руската агенција Tass.

Како што додале од агенцијата, ова го потврдил официјален претставник на руската компанија која се занимава со развој и испорака на опрема за електронско војување, Игор Потапов.

“Кога целата серија е отворена, во сите производи е пронајден спакуван пластичен експлозив”, додал Игор Потапов.

Тој ги повика воените лица на исклучителна внимателност при примање на хуманитарна помош од непознати.

“Посебно би сакал да напоменам и на сите да им пренесам дека за хуманитарна помош е секогаш потребна детална проверка доколку стигнува од непознати субјекти. Имаме доста луѓе кои се занимаваат со хуманитарна помош и сите се прилично познати, но кога ќе се појави некои хуманитарец со желба да помогне, тоа е сјајно, меѓутоа таквите луѓе мора детално да се проверат” изјавил Потапов.

Continue Reading

Европа

ЕУ со жесток одговор – Блокира увоз на храна од САД!

Published

on

Европската унија планира да воведе ограничувања за увоз на прехранбени производи од САД кои не ги исполнуваат европските стандарди, со цел да ги заштити домашните земјоделци, пренесува „Фајненшл тајмс“ (ФТ).

Според извори на ФТ, Европската комисија следната недела ќе разгледа построги мерки кои ќе се однесуваат на одредени земјоделски производи, вклучително и соја одгледувана со пестициди што се забранети во ЕУ.

Оваа одлука потсетува на трговските политики на Доналд Трамп, пишува британскиот весник, а мерките би можеле да ја заострат економската тензија меѓу Брисел и Вашингтон.

Continue Reading

Свет

Украинскиот претседател одбил да го потпише документот кој му го дал Трамп: Откриено што барале Американците од Украина

Published

on

Украинскиот претседател Володомир Зеленски изјави во саботата дека билатералниот договор за клучни минерали за што било разговарано со САД, сѐ уште не е подготвен и дека не содржи одредби со коишто Киев сака да ги заштити своите интереси.

Договорот за кој Зеленски почна отворено да зборува по доаѓањето на власт во Вашингтон на Доналд Трамп, се смета за клучен за настојувањето на Киев да ја придобие поддршката на републиканецот додека американскиот претседател бара брзо завршување на војната во Украина. Притоа Киев бара безбедносни гаранции за да се заштити од нова инвазија доколку биде постигна мир.

„Сѐ уште не е подготвен да ги заштити нашите интереси“, изјави Зеленски на прес-конференцијата на маргините од годишната безбедносна конференција во Минхен која ги собира политичките и воени челници од светот.

Зеленски ги изнесе контурите на евентуалниот таков договор во интервју за Reuters минатата седмица, распостилајќи мапа којашто прикажува бројни наоѓалишта на минерали и ретки земји и велејќи дека нуди „заемно полезно партнерство за нивен заеднички развој а не нивно подарување“.

Минералите за кои станува збор би вклучувале ретки земји и метали како титан, ураниум и литиум. Меѓутоа, експертите порачуваат дека таквите најголемите украински наоѓалишта се во регионот Донбас кој од 2014 година го контролираат проруските бунтовници, како и близу линијата на фронтот.

На пример, кон средината на јануари наоѓалиштето на литиум во областа на селото Шевченковско на границата на одметнатата доминантно руска област Доњецк, со кое Киев се обиде да тргува со западот уште многу пред руската инвазија, беше заземено од руската војска. Резервите на литиум во Шевченковско, едно од најголемите во Европа, е откриено во 1982 година. Резервите на литиум се проценети на 13,8 милиони тони. Покај тоа, се смета дека таму има и резерви од други вредни ретки ресурси како ниобиум, берилиум, тантал….

На почетокот од февруари, Трамп кој не обврза за продолжување на воената помош за Украиан, изјави за новинарите во Белата куќа дека сака 500 милијарди долари во ретки земни минерали од Украина и дека огромната поддршка од САД треба да се „осигури“ како начин на исплаќање. Трамп тогаш рече дека Украина е подготвена за тоа, додавајќи дека сака „изедначување“ од Украина за помошта на Вашингтон од „речиси 300 милијарди долари“.

„Ние ѝ кажуваме на Украина дека имаат многу вредни ретки земји. Сакаме да склучиме договор со Украина каде што тие ќе го обезбедат она што ќе им го дадеме за нивните ретки земни метали и други ресурси“, рече Трамп.

Ретките земји се група од 17 метали кои се користат, меѓу другото, за правење магнети кои ја претвораат енергијата во движење за електрични возила, мобилни телефони и друга електроника. Во моментов нема познати замени за нив.

Геолошкиот институт на САД смета дека 50 минерали се критични за економијата и националната безбедност на земјата, вклучувајќи неколку видови ретки земји, никел и литиум.

Украина има големи наоѓалишта на ураниум, литиум и титаниум, иако ниту едно од нив не е меѓу петте најголеми во светот по количество а некои од нив прејдоа и под контрола на руската војска, а САД имаат свои неискористени резерви на овие и други клучни минерали.

САД имаат само еден оперативен рудник за ретки земја и многу ограничен капацитет за обработка, иако неколку компании работат на развој на проекти во земјата. Кина е најголемиот светски производител на ретки земји и многу други клучни минерали.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк