„И ние во ИТ знаеме дека 200.000 конекции не е заебанција“

Ние во софтверското инженерство крајниот производ и крајниот корисник не го користиме за тест фаза! “Стрес тест” се прави на друг начин, а не со тоа што ќе го отвориш системот за јавност и – крах!Инаку воопшто не ми е јасно зошто се впуштија во креирање на некаква национална платформа кога веќе постојат светски признати скалабилни решенија кои ја вршат оваа работа беспрекорно. На пример Мicrosoft Teams.Што мислите, ние со информатички компании будали сме што користиме готови решенија?

Подобро ќе ви беше да побарате од Мајкрософт да направат серверска фарма за поголема поддршка на Македонија и со тоа ќе се завршеше работата, наместо да ги правите овие глупости.пс.. За да направите систем што ќе издржи 200.000 конекции со онлајн стриминг воопшто не е заебанција. Тоа е гооолема работа дури и за нас кои сме експерти во тоа поле. Па за таква работа се потребни најмалку 2.000 скалабилни сервери врзани на најмалку Tier 4 (T4) оптика, а вие не сте ни стигнале до стриминг, туку серверите ви се срушиле за време на најава на голем број корисници!