Осуден на една година 3атвоp за организирање забави во време на корона

Судот во американската сојузна држава Мериленд го осуди четириесет и двегодишниот Шон Маршал Мејер на една година затвор за кршење на мерките за превенција.


Мејер беше прогласен за виновен за кршење на забраната за организирање митинзи со повеќе од 10 лица, што беше пропишано од државата Мериленд среде пандемијата, пренесува BBC. На 22 март тој организираше забава во неговата куќа, на која присуствуваа околу 50 лица, па затоа и полицијата интервенираше.

Седум дена подоцна, полицијата била известена дека Мајерс повторно организира забава со повеќе од 50 лица. Судот сметаше дека претставува отежнувачка околност што тој се скарал со полицајците кои интервенирале и двапати.