Приведена дилерка на кокаин во Тетово

Полицијата приведе 45-годишна жена од Теотово, осомничена за продажба на кокаин. Според информациите од МВР, таа ја криела и ја продавала дрогата од дома, но и од работното место.

Вчеравечер околу 18.30 часот полициски службници ја привеле В.Р.(45) од Тетово. Според информациите на МВР, при извршен личен преглед кај неа биле пронајдени 14 паковки со кокаин, подготвени за продажба, а при претреси во нејзиниот дом во Тетово и во објект во центарот на Тетово, во кој пријавената работела, извршен подоцна со судска наредба, биле пронајдени кокаин и бела прашкаста материја, кои ги продавала и додека била на работното место.

В.Р. е задржана во Полициска станица Тетово и против неа ќе биде изготвен соодветен поднесок.

извор: Makfax