Connect with us

Инфо +

Вело: „Во ист ден 4 пати ме престигнуваат две коли со странски регистрации, на кого му пречи науката?“

На кого му пречи науката

Последниве деситена дена бев мета на бројни напади од сите можни оружја. Слични напади односно пласирање на тези за омаловажување и дискредитација кратко беа пуштени во месец мај, во еден период кога дадов некоја анализа или мислење кое на некои структури не им се допаднаа. Ова само ми дава за право да мислам дека влегувањето во ИК на ВМРО ДПМНЕ е само повод а не причина за пукање од сите оружја кон мене. При тоа ниеднаш не се оспоруваат моите ставови околу КОВИД-19 туку се напаѓа мојот изглед, каракер, личен живот, национална и партиска определба. Владеачката партија одржа неколку прес коференции, првата само неколку часа по изборот во ИК. Се вклучија ботови, спинови т.н независни новинари (очигледно многу зависни од пари) аналитичари, лекарска комора…

Нападите се лични иако јас за цело време изнесувам научни и стручни ставови се со цел да помогнам да поминеме со полесни последици од најголемата војна во историјата на човекот. При тоа личните навреди се очекувани, свесен сум и за последиците од бранење на научни ставови во време на глобално лудило (професорот Дидиер Раулт имаше смртни закани во дмеократка земја како Франција). Ме изненади омразата со која сум напаѓан од луѓе на кои можеби баш моите ставови и искуство им помогнало многу.Два моменти сепак отидоа предалеку. Едниот е прес коференциа (или јавно изнесен став) на портпарол на СДС (владеачка партија) во која изнесува многу наводи од една истрага која се води против мене. Изненаден сум како дошле тие податоци до него (или државата тоа сум јас…). За да не влијаам на истрагата јас поминав 4 месеци во притвор, сега таа истрага стана предмет на притисок и јавно споделување. Се надевам дека одделението за организиран криминал при Јаното обвинителство во најскоро време ќе одговри: како предметот стигнал до портпаролот; дозволиливо ли е да се влијае на истрагата, ќе влијае ли јавниот притисок и притисокот од власта во понатамошниот тек на истрагата и врз евентуалното подигнување на обвинение и судски процес; ќе покрене ли обвинение против сите кои јавно изнесуваа податоци од предмет во истрага.Вториот момент е: некои чудни совпаѓања и случувања вразани за мојата лича безбедност и безбедноста на моите најблиски. Не верувам дека во ек на најголемите медиумски напади и дискредитации во ист ден имам 4 пати прстигнување на две коли со странски регистрации на автопатот од Штип до Скопје. Престигнување, видливо тргање на крајна трета лента, па повторно престигнување за неколку километри и истата процедура 4 пати. Случајно истиот ден (пред два дена) насилно со отварање на прозор од тераса со штравигер (професионално) рано навечер да се влезе во мојот дом во кој во момнтот беа моето малолетно дете и мојата сопруга. Можеби е совпагање, но сум научил дека ретко има вакви случајности во животот. Останува полицијата да расчисти дали се работи за случајни настани и средби, обид за кражба или штази методи.

Без разлика на резултатите едно е јасно, некој сака да ме исплаши или има сериозни намери со краен резултат: замолкување на науката. Сакам да кажам дека без разлика дали се работи за случајни настани, обид за разбојништво, кражба, игра на наркомани, некој треба да се погрижи да ги заштити лекарите кои се јавно експонирани за време на оваа пандемија. Мојата безбедност е директно во рацете на министерот за внатрешни работи господинот Оливер Спасовски кој се покажа како човек кој во целост ја држи контролата и работата во МВР. Во услови на светска пандемија, со огромни економски последици, со 15 милјарди долари на ден потрошени пари во здравството во светот од кои најголемиот процент оди во некои фармацевтски компании, мислев дека министерот и/или безбедносните структури во државата по автоматизам ќе се потрудат да го заштитат својот лекар и професор кој има над 73 милиони прегледи на електронските медиуми.Поради загриженост за безбедноста моја но пред се на моите најблиски ќе побарам прием кај министерот Оливер Спасовски за да ме убеди дека изнесувањето во јавност на моите сознанија за КОВИД-19 пандемијата нема да ја загрозат мојата безбедност и безбедноста на моите најблиски. До тогаш ги откажувам сите договрени интервјуа и/или емисии на тема за КОВИД-19 пандемијата.Со почит Проф др Вело Марковски

Advertisement

Свет

Трагично загина легенда на гејминг индустријата во сообраќајна несреќа кај Лос Анџелес

Винс Зампела загина во неделата во тешка сообраќајна несреќа северно од Лос Анџелес, откако неговото Ferrari 296 GTS удрило во бетонска бариера и се запалило. Во несреќата загинал и сопатникот кој се наоѓал во возилото, пренесува NBC.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како црвеното Ферари со голема брзина излегува од тунел, само неколку моменти пред да удри во ѕид. Сведоци подоцна го снимиле целосно уништеното возило зафатено од пламен, а снимката е оценета како вознемирувачка.

Калифорниската автопатска патрола соопшти дека, од засега непознати причини, возилото излетало од патот, удрило во бетонска бариера и веднаш се запалило. Двајцата патници биле прогласени за мртви на местото на несреќата, при што едниот бил исфрлен од автомобилот поради силата на ударот. Истрагата за причините за несреќата сè уште е во тек.

Зампела, на 55-годишна возраст, важеше за една од највлијателните личности во светот на видео игрите. Како ко-основач на Infinity Ward, тој имаше клучна улога во создавањето на франшизата „Call of Duty“, која стана една од најпопуларните во историјата на гејмингот. Подоцна, во 2010 година, го основа студиото Respawn Entertainment, кое ги создаде хитовите „Titanfall“, „Titanfall 2“, „Apex Legends“ и „STAR WARS Jedi: Fallen Order“.

Respawn беше купен од Electronic Arts во 2017 година, а Зампела продолжи да има водечка улога во студиото и во развојот на франшизата „Battlefield“.

Веста за неговата смрт предизвика силни реакции и тага во гејмерската заедница ширум светот. EA соопшти дека станува збор за „незамислива загуба“, истакнувајќи дека влијанието на Зампела врз индустријата било длабоко и далекусежно и дека неговото наследство ќе продолжи да инспирира идни генерации развивачи и играчи.

Continue Reading

Свет

Дедо Мразовци ограбија маркет во Монтреал и дел од храната ја дадоа на сиромашните

Група активисти во Монтреал во понеделникот ограбија маркет, а подоцна дел од храната ја поделија на сиромашните, објави The Guardian. Акцијата ја спровела групата Robins des Ruelles, која ја претстави како „Робин Худ“ иницијатива, со цел да привлече внимание на сè поголемата криза и високите трошоци за живот, кои ги прават основните намирници недостапни за обичните Канаѓани.

Во соопштението објавено под наслов „Кога гладот ги оправдува средствата“, членовите на групата нагласиле дека храната ќе биде дистрибуирана на оние кои најмногу имаат потреба. „Работиме сè понапорно за да можеме да купуваме храна од синџири супермаркети кои ја користат инфлацијата за да остварат рекордни профити. Неколку компании држат наши основни потреби како заложници“, се наведува во соопштението.

Метро, сопственик на осум големи брендови за храна во Онтарио и Квебек, ја осуди кражбата како кривично дело и нагласи дека цените на полиците директно одразуваат трошоците на синџирот на снабдување. Портпаролката Женевјев Грегоар додаде дека во 2025 година компанијата донирала 1,15 милиони долари и повеќе од 81 милион долари во храна за локалните банки за храна.

Полицијата потврди дека случајот се истражува, но досега нема апсени. Во вторникот вечерта, групата оставила дел од храната на јавен плоштад под елката, додека остатокот ќе биде дистрибуиран преку локалните банки за храна. На крајот, тие порачаа: „Не заборавајте – гладот ги оправдува средствата. Среќен Божиќ!“

Continue Reading

Балкан

Антивладин протест ескалира во Тирана, има повредени

Илјадници демонстранти од цела Албанија се собраа во Тирана на антивладин протест организиран од главната опозициска Демократска партија. Инцидентите и тензиите ескалираа пред зградата на владата на булеварот Deshmoret e Kombit.

Организаторите бараат оставка од премиерот Еди Рама и вицепремиерката Белинда Балука, која е и министерка за инфраструктура и енергетика. Опозицијата ги поврзува протестите со случаи на корупција, истакнувајќи дека Балука е обвинета за кршење на рамноправноста на учесниците во тендери и јавни аукции. Специјалното обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал (СПАК) побара од парламентот да го одземе нејзиниот пратенички имунитет за да се овозможи нејзино апсење.

Претседателот на Демократската партија, Сали Бериша, се обрати на толпата, велејќи дека опозицијата останува решена да ја „спаси Албанија“ и ги повика сите опозициски сили да се обединат во борбата против власта.

По неговиот говор, демонстрантите се судрија со полицијата, а неколку молотови коктели беа фрлени кон владината зграда, предизвикувајќи пожар на надворешната страна. Во немирите беа повредени неколку лица.

Демократската партија и другите опозициски партии најавија дека протестите ќе продолжат и во наредните недели.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг