Connect with us

Инфо +

Малолетник пуkал во куче и го погодил другар му

Published

on

Вчера околу 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Копаница, скопско, 16-годишник од с.Бојане, скопско, бил повреден со огнено оружје.

Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, а во врска со настанот од слобода бил лишен 16-годишник од село Копаница, скопско, за кој било пријавено дека пукал во куче, но го погодил малолетникот.

Пиштолот бил пронајден и се преземаат мерки за расчистување на настанот и утврдување на причините за пукањето.

Македонија

Министерството за правда со јавни дебати за реформите во Судскиот совет: Консултации со експерти за подобра правна рамка

Published

on

Министерството за правда почнува јавни дебати за измените во законот за судскиот совет, во кои ќе учествуваат правни експерти. Се очекува новиот закон да биде финализиран до крајот на декември, а реформите се дел од владината агенда поддржана од Европската комисија

Од утре, Министерството за правда започнува со јавни дебати за измените и дополнувањата на законот за судскиот совет, кои беа подготвени од страна на работна група формирана од министерството. Министерот за правда, Игор Филков, објави дека овие дебати се дел од пошироката иницијатива за реформи во правосудството, во која активна улога ќе имаат правни експертии претставници на јавноста.

Експертски мислења како основа за подобрување на законот

Филков нагласи дека консултациите со експертите ќе играат клучна улога во процесот на усовршување на нацрт-измените. „Во наредните недели ќе се одржува по една дебата неделно, со цел да собереме мислења и препораки од правните професионалци, кои потоа ќе бидат интегрирани во текстот на законот,“ истакна министерот. Тој додаде дека дискусиите ќе бидат темелни и сеопфатни, а конечниот текст се очекува да биде завршен до крајот на декември.

Реформски план поддржан од Европската комисија

Реформите во судскиот совет се дел од агендата на Владата, која е одобрена и од Европската комисија. Оваа агенда, со акцент на транспарентноста и подобрување на независноста на судството, предвидува целосно нов закон за судскиот совет, кој треба да биде финализиран до јуни следната година. Законот ќе се базира на препораките од Венецијанската мисија и Оценската мисија на ЕУ, кои се од големо значење за усогласување на националното законодавство со европските стандарди.

Потреба за поголема транспарентност и јасни одлуки

Во најновиот извештај за напредокот на земјата, Европската комисија посочи на недостатоците во зајакнувањето на независноста на судството и ја истакна потребата за зголемување на транспарентноста во работата на судскиот совет. Комисијата препорача советот да вложи дополнителни напори во донесувањето јасни и јавно достапни одлуки, додека Советот на јавни обвинители да обезбеди јавно образложение за секоја од своите одлуки.

Continue Reading

Македонија

И ПОКРАЈ СЕДУМГОДИШНАТА ЗАГУБА ОД 17 МИЛИОНИ ЕВРА, ИМА ПОВЕЌЕ ШЕФОВСКИ ПОЗИЦИИ ОД РАБОТНИЦИ И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА НИВНИТЕ ПЛАТИ ЗА 50%

Published

on

Лоша организација и менаџирање на „Пошта“, недостиг на дигитализација, мануелна работа, човечки грешки во финансиските извештаи, отсуство на единствен систем на работа и неодговорни работници што не одат на работа, повеќе директорски фотељи од работници… Токму ваквите состојби што се провлекуваат со години ја доведоа „Пошта“ да работи со загуба – од 2017 година, заклучно со 2023 година „Пошта“ има акумулирана вкупна загуба од околу 17 милиони евра.

И покрај тоа што најголема загуба на Македонски пошти е во 2022 година во износ од 3,7 милиони евра, тогашната генерална директорка Бујаре Абази, која беше на функција од март 2023 година, се осмелила и си ја зголемила својата плата, но и платите на другите директори за повеќе од 50 отсто.

Во ревизорскиот извештај се истакнува дека, во септември 2023 година и покрај континуираниот негативен финансиски резултат, друштвото извршило зголемување на месечната нето плата на директорите на сектори, заменик – генералниот и генералниот директор за 42% до 58% соодветно, што не е во согласност со Законот за трговски друштва. Според законот, во случај на намалена добивка или значително влошена финансиска состојба на друштвото, надоместокот на плата и другите бенефиции, предвидени во менаџерскиот договор може да се намалат.

Тогашната директорка, Абази, лани соопшти на јавноста само дека основната бруто плата на вработените на Пошта на Северна Македонија ќе се зголеми за 10%, почнувајќи со исплата на платата за месец септември 2023 година, но покачувањето на директорските плати од над 50% вешто ги сокри.

И покрај тоа што оваа одлука претставувала дополнителен товар, Управниот одбор, заедно со генералната директорка Абази, верувале дека новите активности кои ги предвидуваат ќе придонесат за развој и  враќање на угледот на Пошта на Северна Македонија, што воопшто не се случи бидејќи и понатаму загубата е премногу висока. А, пак, друштвото се соочува со голема задолженост по основ на заеми, кредити и пресметани камати, кои не се сервисираат навремено, што дополнително ја влошува финансиска состојба и ја нарушуваа ликвидноста.

Пред околу пола година, претседателот на синдикатот на „Пошта“, Боро Велигденов, истакна дека оваа финансиска криза е резултат на лошата организација на работењето во Македонска пошта предизвикана од кадровската политика и менаџирањето со години кое се спроведува со непродуктивно прераспоредување и вработувања.

-Се доведовме во состојба на недостиг на работници во технолошкиот процес, каде што највеќе се потребни работниците, а тоа се пошта-разнесувачи, недостаток на шалтерски работници и на работници во технолошкиот процес. Како резултат на тие политики имаме преполни работни места во администрација и шефовски позиции – истакна Велигденов.

Трошоците по основ на бруто плата на вработените во АД Пошта на Северна Македонија во 2023 година изнесуваат 9,5 милиони денари и претставуваат 65% од вкупните трошоци во годината предмет на ревизија. Од вкупно систематизираните 3.723 работни места, речиси половина се пополнети (1.814 работни места), додека непополнети се 1.909 работни места. Околу 20% од вработените се постари од 60 години.

Во 2023 година, Агенцијата за пошти спровела истражување за задоволството на корисниците на поштенските услуги, со цел да се процени брзината и квалитетот на доставата, коешто покажа дека 43% од физичките и 72% од правните лица не се задоволни од поштенските услуги поради нередовна и несоодветна достава.

Со Годишниот план за јавни набавки во 2023 година друштвото планирано да набави машина за сортирање на поштенски пратки со проценета вредност од 30 милиони денари со која би се овозможило побрзо и флексибилно сортирање на поштата, подобрувајќи го целокупниот процес на услугата од почеток до крај, но истата не е спроведена.

Утврдени се и сериозни неправилности во работењето на АД Пошта на Северна Македонија. Недостасуваат точни и усогласени евиденции за земјиштето и градежните објекти, што влијае на квалитетот на податоците во трговските книги. Утврдени се неправилности и во делот на јавните набавки, како и чести измени на актот на систематизација, особено во однос на бројот на извршители, работното искуство, степенот на образование и видот на стручна подготовка. Утврдени се и неправилности во пополнување на работните места и евиденцијата на работното време, како и во пресметката на додатоци, надоместоци и награди за дел од вработените.

Continue Reading

Македонија

ДОАЃА СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Ќе донесе врнежи од дожд, снег, нова снежна покривка и северен ветер

Published

on

Под влијание на влажна  и студена воздушна маса од север, која е во склоп со висински циклонски систем кој се  наоѓа над нашиот дел од Европскиот Континент, од претстојната ноќ, па се до петок во Македонија ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На планините, како и на некои повисоки населени места врнежите повремено ќе бидат од снег, па така ќе дојде до формирање на нова снежна покривка, вели метеорологот Славчо Попоски.

„Сето ова ќе биде проследено и со северен ветер, кој особено во петок повремено ќе биде засилен на интензитет, и најизразен Долж Повардарието. И во Скопскиот регион следува слично време, ќе има повремени врнежи од дожд во следниот период, додека на околните планини повремено ќе врне снег, а сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец, особено во петок.

За време на овој бран на врнежи, локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 литри на метар квадратен). На палнинските места особено во зпадните предели ќе се формира снежна покривка со висина до 10 cм, а на највисоките планински врвови можно е и повеќе.

Потоа, за време на викендот ќе настапи разведрување ама утрата ќе бидат многу студени и со појава на мраз. Минималните температури тогаш ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 3 степени.

Максималните дневни температури пак ќе бидат исто така значително под просекот се до 17 Ноември, и ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени. Краткотрајно затоплување ќе има по 17 Ноември, а околу или по 20 Ноември повторно следува нова голема промена на времето и продор на нов многу ладен бран од север“, напиша тој.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк