Connect with us

Инфо +

Јоци ги криви вмровците за високите бројки на заболени од Ковид

Да не се лажеме, бројките на заболени од #КОВИД19 се зголемија откако вмровци и онаа нивна несреќа, #Мицкоски, во време на пандемија, решија да прават протести. Досега, во изминати два месеци, имаа четири од збиен тип.

Истиот хаос со собири го правеа и за време на кампањата во јуни и јули, тоа го прават и сега – на нивните собиранки нема дистанца, ретко кој носи маска. Викаат, урлаат, се плукаат, се разменува салива на секој чекор преку која се пренесува вирусот.

Не може оваа земја да трпи економски, здравствено, општествено, заради болни амбиции на еден лузер, кој од уста не го извади ,,здравјето на граѓаните”, а во исто време собира народ без око да му трепне колкумина ќе се заразат.
Избори завршија. Финито.
Владо на Македонија, забранете протести.
Држава водите, така❓
Три години никаде ги немаше, ни за ,,името”, ни за ЕУ, за ништо, сега им текна – за време на пандемија.
Интенцијата е јасна.
Ајт, сите по дома.

ФБ статус на Јоци

Но Јоци сепак не е конструктивна кога има протести за поевтинување на струја или било какви собири тоа е израз на демократија. Луѓето имаат револт кон некоја лоша политика тоа е нивно право и не треба да се осудуваат, но пак се работи за кој кого брани во оваа политичка игра треба само да се дистанцирате од вакви игри.

Advertisement

Балкан

Пијан возач фатен со 200 км/ч

Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија денес околу 14 часот го запреа Д.В. (39) во Лозница, кој управуваше возило „суди“ со брзина од 200,8 километри на час на дел од патот Лозница – Шабац, каде што ограничувањето е 100 км/ч.

Со алкотестирање е утврдено дека возачот бил во тешка алкохолна интоксикација, со 1,41 промили алкохол во крвта.

Возачот веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во службените простории, а против него е поднесена прекршочна пријава за насилно возење и возење под дејство на алкохол.

Continue Reading

Свет

Американски разузнавачи: Путин сака целосна контрола над Украина и пошироки територии во Европа

Американските разузнавачки служби предупредија дека рускиот претседател Владимир Путин има намера да ја окупира целата Украина и да ја прошири контролата над делови од Европа што некогаш припаѓале на Советскиот Сојуз, и покрај тековните мировни преговори.

Украинската разузнавачка служба, предводена од генерал-потполковникот Кирило Буданов, исто така оцени дека Русија продолжува да има амбиции за проширување на територијата.

Според шест извори запознаени со податоците на американската разузнавачка служба, воените цели на Путин остануваат непроменети, што е спротивно на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп и неговите преговарачи дека Путин бара крај на конфликтот. Европските лидери, како и американските експерти, веруваат дека Путин има намера да контролира целата Украина и територии од поранешниот Советски Сојуз, вклучително и некои членки на НАТО.

„Разузнавањето отсекогаш велеше дека Путин сака повеќе“, изјави Мајк Кугли, демократски член на Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом. „Европјаните се убедени во тоа. Полјаците се апсолутно убедени, а балтичките земји мислат дека се првите кои го знаеле тоа.“

Во моментов, Русија контролира околу 20% од украинската територија, вклучувајќи ги анектираните покраини Луганск, Донецк, Запорожје, Херсон и Крим. Трамп, како дел од предложениот мировен договор, врши притисок врз Киев да повлече дел од своите сили од мал дел од Донецк, што Зеленски и мнозинството Украинци категорично го отфрлаат.

Иако Белата куќа најавува „огромен напредок“ во мировните преговори, Путин на својата годишна прес-конференција не понуди компромиси и нагласи дека неговите услови мора да бидат исполнети. Според официјални податоци, руските сили напредувале за околу 6.000 квадратни километри оваа година.

Американски официјални лица, меѓу кои и државниот секретар Марко Рубио, признаваат дека е неизвесно дали Путин навистина сака мировен договор или неговата цел е целосна контрола над Украина.

Continue Reading

Свет

Зеленски: Ситуацијата на фронтот станува сè потешка

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека состојбата на фронтот е сериозна и дека бројот на руски сили се зголемува, што ја отежнува ситуацијата за украинските единици.

„Има се повеќе Руси, станува сè потешко. Пристигнав во Купјанск и ситуацијата беше навистина тешка. Линијата на фронтот беше многу блиску, но нашите вооружени сили го контролираат Купјанск“, изјави Зеленски за Полското радио. Купјанск е стратешка цел за руската армија.

Тој потенцираше дека руските трупи „вршат притисок“ и можат да уништат села или да продрат во одредени области. „Ќе направиме сè за да ги спасиме животите на нашите војници, бидејќи пред сè мора да ја зачуваме нашата вооружена сила. Ова не значи дека сме подготвени да се предадеме“, додаде Зеленски.

Претседателот посочи и проблеми со достапноста на одредени видови ракети, особено противвоздушни, поради различни причини, вклучително и доцнења во испораките. Тој истакна дека Украина се соочува и со тешкотии во снабдувањето со енергетски ресурси и системи за воздушна одбрана, но нагласи дека „ова не е обвинување против нашите партнери“.

Зеленски претходно, на 12 септември, ја посети линијата на фронтот во Купјанск, каде што им се заблагодари на украинските единици за нивната посветеност и резултати.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг