Маратонот Утре ќе го смени сообраќајниот режим во Скопје

В недела во периодот од 7 до 14 часот на неколку сообраќајници во главниот град ќе има изменет режим на сообраќај, поради одржувањето на 16. WizzAir Скопски маратон. Во посочениот период затворени (целосно или делумно) за сообраќај ќе бидат следните сообраќајници:

-стартот на маратонот од платото пред спортскиот центар „Борис Трајковски“

-десно по бул. „Илинден“ до крстосницата со ул. „Љубљанска“ и по неа право на ул. „Московска“

-потоа десно по ул. „Војвода Васил Чакаларов“, на крајот на улицата се врти полукружно назад

-кога учесниците ќе се вратат кај Студентскиот дом „Гоце Делчев“ се продолжува право по бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“

-ул. „Димитрие Чуповски“

-ул. „11-ти Октомври“

-бул. „Крушевска република“

-бул. „Трета македонска бригада“

-ул. „Фрањо Клуз“

-бул. „Јане Сандански“ до крајот (крстосница со бул. „Србија“)

-пред семафорот со бул. „Србија“ се врти полукружно назад (на истата коловозна лента) по бул. „Јане Сандански“, ул. „Фрањо Клуз“, бул. „Трета македонска бригада“, ул. „Пролет“, ул. „11-ти Октомври

-по ул. „Димитрие Чуповски“ до крстосницата десно на бул. „Свети Климент Охридски“ до бул. „Илинден“

-па лево кај зградата на Владата до целта, платото пред СЦ „Борис Трајковски“.

Воедно, во тој период и градските автобуси ќе возат по измене ред.