Професор Даниловски:„Нема нема втор, трет или четврти бран на пандемијата, глупо е да се носи маска кога се движите надвор“!

Неговото гостување се поклопи со зголемување на бројот на заразени од ковид-19. Според денешната статистика: Тестирани се 1694, новозаразени се 225, оздравени 96 и починати се шест лица.

Даниловски ги објасни новите трендови поврзани со ковид-19. Според неговото мислење во последниве денови започна повторно да се зголемува бројот на новозаболени од вирусот и бројот на хоспитализирани лица.


Професорот Даниловски смета дека вакцината против ковид-19, на која сега интензивно се работи, не треба да биде задолжителна за сите, туку само за ризичните групи, како и популацијата постара од 65 години.

Д-р Даниловски оцени дека нема втор, трет или четврти бран на пандемијата, туку една константна крива, која сега во текот на есенските месеци ќе се зголеми и поради тоа, сите треба да бидат одговорни.

Видете, ќе звучи можеби малку грубо, но според мене, глупо е да се носи маска кога се движите на отворено. Особено ако во околината нема никој, изјави професорот Даниловски во неговото интервју за Канал 5 Телевизија.