Чичко Боро во солзи: Годинава нема ниту еден ученик

Со солзи во очите и носталгија за времињата кога школскиот двор бил исполнет со деца и нивниот џагор. Вака помина првиот училишен ден за пензионираниот наставник Боро Пандев од струмичкото село Габрово. За прв пат откако постои училиштето неговите врати останаа под клуч, а наставата не започна, но не поради пандемијата туку поради фактот што годинава овде нема ниту еден ученик. Учителот Боро, како што го знаат сите вели во минатото имало и над 120 уленици, но како почнало иселувањето во европските држави така секоја година се намалувал и бројот на деца кои се запишуваат тука.