Големо невреме доаѓа од Црна Гора и Хрватска, на некои места паѓало и град

Град паѓал во Стариград, а биле регистрирани обилни дождови и на Истра, како и во делови на Далмација. На подрачјето на Дубровник попладнево имало невреме со грмотевици.

Невреме ги погоди и западниот дел на Србија и главниот град Белград. Републичкиот хидрометеоролошки завод издаде предупредување за временска непогода и за можност за излевање на реките.

Балканот е под силно влијание на влажен бран кој се движи и кон Македонија, па од утре се очекува голема временска промена, дождови и намалување на температурите