Филипче:„Рестрикции нови за да избегнеме карантин“

По големиот број на реакции како на угостителите, така и општо на граѓаните во нашата земја, се огласи и министерот за здравство Венко Филипче кој истакна дека новите мерки не треба да се доживуваат како казни, туку како нешто што е неопходно за да си го зачуваме како сопственото здравје така и здравствениот систем од целосен крах.

„Зошто луѓето новите мерки ги доживуваат како казна? Тие се носат за заштита на јавното здравје, бидејќи нема да може да издржи здравствениот систем ако има огромен број на заболени“, изјави министерот за здравство Венко Филипче во денешното гостување на ТВ 24.

Министерот додава дека целта на овие нови рестриктивни мерки во угостителството е со цел да се избегнат „тврди мерки“ и целосно ставање под клуч на локалите и карантин како на почетокот од годинава.