Connect with us

Инфо +

Филипче: Влегуваме во есенски бран

Со денешната повторна висока бројка на новозаболени, станува јасно дека влегуваме во очекуваниот есенски бран, вели министерот за здравство Венко Филипче. Иако, многумина не веруваа во најавите дека тој ќе се случи, сепак се докажува дека очекувањата беа реални. Цела Европа во моментов се соочува со нова криза и во повеќе земји има силни рестрикции и нови мерки, додава Филипче.

Разбирам дека кај сите има голем замор од оваа состојба и дека буквално ви е преку глава од коронавирусот. Но, верувајте дека заморот е уште поголем кај здравствените работници. Тие седум месеци деноноќно работат да ја одржат состојбата под контрола. Целиот менаџмент и Комисијата за заразни болести даде сѐ од себе изминатиот период да подготви протоколи, да го реорганизира системот и да го дочекаме подготвени есенскиот период. – истакна во објавата на социјалните мрежи министерот за здравство.

Филипче вели дека нема да се дозволи да се преоптовари здравствениот систем и да нема кревети за лечење, а лекарите и медицинскиот персонал да клекнат на колена од замор.

Рестрикции и мерки ќе носиме секогаш кога ќе процениме дека тоа е единствен начин да се заштити системот и јавното здравје. Тоа е наша одговорност и должност. Мерките и рестрикциите не се ничија желба или хир. Едноставно мора да разбереме дека тие се единствените алатки кои ни се на располагање за да се заштитиме. Го разбирам целосно гневот на оние кои доследно ги почитуваат постоечките мерки кои се на сила од почетокот и со нив ефикасно се штитат. За многумина препораките за одржување дистанца, носење маска и редовна дезинфекција се доволни мерки. Во оваа прилика сакам да им изразам голема благодарност и да им честитам на свесноста и совесноста. За жал, новите мерки кои ги носиме мора да се однесуваат за сите и едноставно не може парцијално да се применуваат само онаму каде има непочитување на основните три. – дециден е Филипче.

Advertisement

Свет

Јужноафриканци принудно на фронтот во Донбас: „Не разбравме што потпишуваме“

Јужноафрикански мажи, меѓу кои и постариот брат на Бонгани од покраината Квазулу-Натал, завршиле на фронтот во Донбас, тврди семејството, откако биле регрутирани под лажни ветувања за обука како телохранители.

„Тие немаат воена обука и никогаш не виделе војна. Беше им кажано дека ќе добијат работа за да ги прехранат семејствата, но се најдоа на бојното поле“, изјави Бонгани, чие име е променето за безбедност.

Според сведоштвата, јужноафриканските мажи отпатувале во Русија преку Дубаи, потпишале договори на руски јазик без можност за превод и веднаш биле испратени во Украина. „Проблемите започнаа кога ги префрлија од Русија во Украина и рекоа дека тоа е обука, а потоа ни рекоа дека сме под команда на руската армија“, раскажува Бонгани.

„Скај њуз“ добил пристап до видео пораки од мажи кои тврдат дека биле принудени на борба, а една од нивните контакти била Дудузиле Зума-Самбудла, ќерката на поранешниот јужноафрикански претседател Џејкоб Зума, која ги убедила да потпишат.

Во Јоханесбург, пет лица биле уапсени по пријава дека патувале во Русија преку ОАЕ, меѓу нив и 21-годишник и 39-годишна Патриша Мантуала, обвинета за регрутирање. Судот им одобри кауција, а полицијата не ја исклучува можноста за повеќе апсења.

Семејствата на заробените мажи се обидуваат да ги вратат дома, и покрај опасностите и неизвесноста што ја носи конфликтот. „Никој не е безбеден и никогаш не знаеме што може да ни се случи следно“, вели Бонгани.

Continue Reading

Свет

Полскиот претседател: Зеленски недоволно ја цени помошта на Полска за Украина

Полскиот претседател Карол Навроцки денеска во Варшава изнесе критики кон украинскиот лидер Володимир Зеленски, тврдејќи дека Украина не ја цени доволно поддршката што Полска ѝ ја дава во конфликтот со Русија.

Навроцки истакна дека Полска од почетокот на руската инвазија во 2022 година прифатила повеќе од еден милион украински бегалци и е еден од главните добавувачи на оружје и хуманитарна помош за Украина. „Полјаците сметаат дека нашите напори и помошта за Украина не се доволно ценети или разбрани“, рече тој, додавајќи дека ова му го пренел на Зеленски во „решителен и искрен, но и срдечен разговор“.

Зеленски од своја страна нагласи дека Украина отсекогаш била благодарна за полската помош и ќе продолжи да ја цени, посочувајќи дека Украина ја брани Европа од руската агресија по висока човечка цена.

Continue Reading

Балкан

Пијан возач фатен со 200 км/ч

Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија денес околу 14 часот го запреа Д.В. (39) во Лозница, кој управуваше возило „суди“ со брзина од 200,8 километри на час на дел од патот Лозница – Шабац, каде што ограничувањето е 100 км/ч.

Со алкотестирање е утврдено дека возачот бил во тешка алкохолна интоксикација, со 1,41 промили алкохол во крвта.

Возачот веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во службените простории, а против него е поднесена прекршочна пријава за насилно возење и возење под дејство на алкохол.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг