Kороната може да се препознае многу порано: Откриени нови симптоми на вирусот

Короната е вирус кој коси ширум светот. Повеќе од 10 месеци научниците се обидуваат да најдат начин да ја поразат болеста, доаѓајќи до нови сознанија за неа.

Така, на почетокот сувата кашлица и треска беа препознаени како симптоми на корона вирусот, како и пневмонијата, а подоцна беа откриени и други симптоми, губење на чувството за вкус и мирис, исфрлање на телото и други.

Научниците сега дојдоа до нови откритија, што може да биде корисно за рано откривање на овој вирус.

Експертите од Кралскиот колеџ утврдија дека главоболките и заморот многу често се појавуваат како рани симптоми на ковид.

Нашите податоци покажуваат дека најчестите рани симптоми на коронавирус се главоболка (82 проценти) и замор (72 проценти), во сите возрасни групи. Само девет проценти од заразените на возраст меѓу 18 и 65 години не ги пријавиле овие симптоми, велат тие.