Connect with us

Инфо +

Ефтов со порака до граѓаните: Шест месеци носевте маски, а сега државата ве пушта низ вода

Ова е страшно што ни се случува. Страшно е како психолошки не уништија. Сега ќе правиме пак шведски модел. Сега пу пу не важи. Сега велат животот мора да продолжи. Дали може да постои еден брак во кој мажот и жената не си веруваат еден на друг. Вие не и верувате на државата и таа не ви верува на вас. Шведскиот модел подразбира доверба на државата во граѓаните и на граѓаните во државата. Овде тоа го нема.

Ги гледате ли листите на умрените во Македонија? Таму има луѓе кои се млади, како е можно министре да умираат овде млади луѓе а тоа да го нема во другите делови на светот? Кај нас има зголемување на бројот на заразени и на умрени. Се поставува прашањето – ги лажираме бројот, луѓето не веруваат на македонското здравство и остануваат сами дома да се лечат? Како тоа тогаш ќе градиме шведски модел со луѓе кои не ви веруваат? Или докторите немаат врска или ги лажирате бројките поради х причини? Ако луѓето не ви веруваат нема да може да градите шведски модел. Како ќе градите шведски модел со Д-р Цаца? На 6 јуни беше опасно да се шета на задушница, но во јули месец не беше ризично да се делат ваучери и да се оди во Охрид. Кога делевте ваучери не ли очекувавте дека тие луѓе ќе одат во Охрид и дека таму ќе се журкаат, ќе уживаат и ќе ја донесат короната во своите градови? Со ваучерите се разви туризмот, но се разви и короната. Во јули со ваучерите не беше опасно да се оди во Охрид и тогаш не беше проблем короната. Па добро дали си верувате во тоа? Никој овде веќе не е глуп, сите гледаме што се случува, не може да важат едни правила истите наредниот месец не важат.



Advertisement

Балкан

Полицијата во Софија уапси повеќе од 40 лица на протестот

Главниот град на Бугарија вчера беше сведок на вжештени тензии и масовни апсења за време на опозицискиот протест. Полициската управа во Софија денеска потврди дека повеќе од 40 лица се лишени од слобода.

Според извештаите на бугарските медиуми, најголемиот дел од приведените се од групите познати по нивната црна униформа и качулки, кои често се поврзуваат со провокации.

Иако протестот во голема мера помина без сериозни инциденти, во еден момент ситуацијата можеше да ескалира.

Лица со маски и качулки се обидоа да запалат контејнери за отпад, но брзата интервенција на полицијата ја смири напнатоста. Кај приведените биле пронајдени пиротехнички средства, спрејови и маски, што укажува на подготвеност за судир. Дел од уапсените биле и без лични документи, што го отежнува нивното брзо идентификување.

На контролните пунктови околу местото на одржување на протестот, полицијата открила и нешто што ја прави ситуацијата уште посомнителна: кај двајца од приведените биле пронајдени големи суми пари.

Полицијата соопшти дека истрагата продолжува, со цел да се расветли позадината на овие активности и дали има организиран обид за нарушување на јавниот ред и мир.

Continue Reading

Европа

Германска полиција го разби балканскиот картел: Запленети луксузни автомобили, накит и милиони евра

Балканскиот картел претрпе жесток удар во голема меѓународна операција, поддржана од Европол, што кулминираше со апсење на тројца клучни членови во Германија и заплена на средства во вредност од над пет милиони евра.

Вчерашната операција ги вклучи полициските сили од Австрија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија, како дел од координиран напор за разбивање на високо-профилна ќелија на картелот.

Со учество на 500 полицајци и претреси на вкупно 45 објекти низ Германија, акцијата е круна на сложена истрага која ги разоткри активностите на криминалната мрежа во трговија со дрога, перење пари и шверц со оружје.

Европол и хрватската полиција соопштија дека операцијата била насочена кон „цели со висока вредност“ (ХВТс), за кои се верува дека се мозокот на Балканскиот картел. Истрагата открила дека оваа ќелија била одговорна за повеќетонски пратки кокаин со потекло директно од Колумбија, користејќи софистицирани методи за шверцување на дрогата во Европа.

За време на претресите, запленети се 50.000 евра во готово, златници, луксузни предмети како накит, скапи часовници и чанти, три скапи возила, недвижности во Германија и странство и огнено оружје со муниција.

Криминалната мрежа не само што преплавувала со дрога, туку и ги „перела“ милионите преку компании и недвижности во повеќе земји од ЕУ и пошироко.

Тројцата уапсени имале јасно дефинирани улоги – од финансиери и координатори до логистички експерти. Главниот осомничен, по потекло од Западен Балкан, е познат по користењето на препознатливо лого на кокаин како свој криминален „заштитен знак“.

Европол нагласи дека ова е само последниот во низата значајни удари врз Балканскиот картел, потсетувајќи на претходните големи акции со бројни апсења (како на пр. 13 апсења во мај 2023 година и 21 апсење во октомври 2023 година). Агенцијата одигра клучна улога во обезбедувањето на координација, размена на информации и континуирана аналитичка поддршка, разоткривајќи една многу добро организирана мрежа која оперирала на различни континенти.

Доказите, вклучувајќи разни документи и електронски уреди, во моментов се анализираат, што најавува можност за нови апсења во претстојниот период.

Continue Reading

Свет

Зеленски: САД и други партнери да не вршат притисок за избори во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска нагласи дека Украина не може да поднесе притисок околу одржувањето избори во моментот и ги повика партнерите, вклучително и САД, да не инсистираат на ова прашање.

Во видео обраќање, Зеленски изјави дека водел „важна дискусија“ со пратениците во парламентот за правните и безбедносните аспекти на изборите и дека секој притисок од странство во оваа фаза не е пожелна опција. „Тоа не е лесно, но притисокот по ова прашање дефинитивно не е она што ни треба“, нагласи тој.

Зеленски посочи дека Украина е подготвена да организира избори во рок од три месеци, но само доколку се обезбеди безбедноста на гласачите, со помош на САД и другите сојузници. Тој реагираше и на коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој сугерираше дека украинската влада го користи војниот конфликт како оправдување за одложување на изборите.

Иако законски изборите се забранети за време на војна, Зеленски се соочува со дополнителен притисок од странство, додека Русија продолжува со воздушни напади, а милиони Украинци се раселени и речиси еден милион војници е распоредено на фронтот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг