Еве каде да се вработите: Германија планира да вработи над 600 000 нови работници

Германија планира да вработи над 600 000 нови работници следнава година. Доколку сте заинтересирани и сакате да аплицирате за работа еве што ви е потребно.

– За работа во Германија, потребно е граѓаните да најдат работодавец, потоа работодавачот да обезбеди дозвола за работа и да се добие и дозвола за престој (работна виза).

-Неопходно е пред да се обидете да побарате работа, да проверите дали вашата професија се наоѓа на листата на дефицитарни занимања во Германија, а потоа следи прибирање на документација.

-Видот на документи можат да се разликуваат од работодавач да работодавач, но за дозвола за работа ќе треба копија од патна исправа, диплома (преведена на германски), доказ за работно искуство, како и доказ за јазични вештини.

– Трошоци – Тие се однесуваат на превод на документите на германски јазик, односно услуги за судски преведувач. Во правило секогаш се испраќаат заверени копии, па и тоа бара одредени трошоци за заверка.Трошоците за вадење на работна дозвола ги покрива работодавецот.

Работодавец можете да најдете и на веб порталите, како што е веб страницата на Сојузната агенција за работа во Германија www.arbeitsagentur.de.

Освен тоа, можете да барате работа и на овој линк. Во моментов таму има над 7 000 слободни работни места.