Connect with us

Инфо +

Наќе Чулев: Сега кој е виновен ?

Екс-Министерот за Внатрешни работи распали по социјалните мрежи по високиот број на позитивни на Ковид кој не стивнува, еве што напиша :

❗️Денес го нема Наќе Чулев и го нема ВМРО ДПМНЕ во техничката Влада, но бројката на позитивни и умрени од корона вирусот драматично расте. И не само за играње оро и отворено дуќанче во Чаир како што беше тогаш примерот, денес се случуваат бројни масовни забави, концерти и журки во државата на кои не се почитуваат протоколите, а за кои институциите молчат и не преземаат никакви мерки или мерките се преземаат намерно и договорено после веќе оддржаниот настан.

Денес очигледно е дека виновен е системот, лошите одлуки на Комисијата за заразни болести кои се менуваат по потреба и лошото менаџирање со справувањето со короната од страна на Владата, а тогаш единствениот виновник за ваквата состојба беше само Наќе Чулев и ВМРО ДПМНЕ.

Со исклучителна почит за полициските службеници, но нив деновиве ги гледам како пишуваат казни за сообраќајни прекршоци, а Оливер Спасовски истовремено замижува за масовните забави на кои ниту се држи дистанца, а ниту се почитуваат препораките за заштита на граѓаните.

? Денес со овие бројки повеќе од кога било во прашање е доведено општото здравје на граѓаните, но дежурните ботови воопшто не се загрижени, затоа што тогаш Наќе Чулев беше министер, а денес на истата таа позиција е поставен Оливер Спасовски. Тогаш, Оливер критикуваше и бараше оставка од мене, а бројките беа речиси 20 пати помали од денешните на дневна основа, а денес со мал прст не мрднува да преземе било каква активност за заштита на здравјето на граѓаните.
Тогаш потенцирав и денес пак ќе споменам дека здравјето на граѓаните е најважни и во таа насока во оваа прилика апелирам и барам до сите надлежни институции да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на здравјето на граѓаните.

?Само да потсетам: Ако можеше една кафаеана да се чува со цела група специјалци, може и десетина полициски службеници и неколку пазарни инспектори да преземат мерки кога еден или повеќе локали пред очите на јавноста ги кршат протоколите и со тоа претставуваат ризик за здравјето на сите нас.

Сега кој е виновен?!!

Advertisement

Свет

САД изведоа акција и запленија венецуелска нафта, Венецуела реагира

Американските сили извршија акција и запленија голем танкер под санкции покрај брегот на Венецуела, што предизвика жестоки реакции во Каракас. Владата на Венецуела соопшти дека ќе ја брани својата сувереност, природните ресурси и националното достоинство, најавувајќи жалба пред меѓународните институции.

Министерот за внатрешни работи Диосдадо Кабељо ги нарече САД „убијци, крадци и пирати“ и саркастично се повика на филмот „Пиратите од Карибите“. „Џек Спероу таму е херој, но овие типови се вистински криминалци на отворено море“, изјави тој.

Претседателот Доналд Трамп потврди дека акцијата била изведена синоќа, додавајќи дека танкерот бил најголем досега. Јавната обвинителка Пем Бонди истакна дека бродот превезувал санкционирана нафта од Венецуела и Иран, а операцијата била координирана од ФБИ, Министерството за одбрана, Министерството за внатрешна безбедност и Крајбрежната стража.

Снимките од американските служби прикажуваат два воени хеликоптера и вооружени војници како се спуштаат на палубата на бродот, а според извори, акцијата ја изведувале десет маринци, десет припадници на Крајбрежната стража и специјални единици од бродот „Џералд Форд“.

Компанијата „Вангард“ го идентификува бродот како „Скипер“, кој долго време ја лажирал својата позиција. Министерството за финансии на САД го стави под санкции уште во 2022 година за наводна вмешаност во нелегален шверц на нафта што генерирал приходи за Хезболах и Исламската револуционерна гарда.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, оцени дека станува збор за меѓународно пиратство и истакна дека „Венецуела никогаш нема да стане нафтена колонија“. Трамп, пак, изјави дека запленетата нафта веројатно ќе биде задржана од САД.

Continue Reading

Балкан

Милановиќ: Франција продава авиони и на нашите соседи, без да се консултира со Хрватска

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, денеска изјави дека Франција се грижи исклучиво за своите интереси, по продажбата на 12 воени авиони на Хрватска, а потоа исто толку и на соседи кои не се членки на НАТО.

„Ние сме членка на НАТО и имаме завети со нашите сојузници за критични ситуации. Меѓутоа, можеме да видиме како се однесуваат стратешките партнери. Франција не нè праша за нашето мислење кога го продаде истото количество авиони на соседите. Потоа мораме да ги надградиме тие системи, што дополнително чини. Тие се грижат само за своите интереси“, рече Милановиќ.

Тој додаде дека не станува збор за критика, туку за поттик за размислување за мотивите и одлуките на државите. Милановиќ истакна дека при донесувањето важни државни одлуки целата доктрина треба да произлегува од заштита на сопствените интереси, без да се исклучува лојалност и пристојност кон партнерите.

„Не може да има иста стратегија за земја од четири милиони жители и земја од 65 милиони, земја што произведува и земја што купува. Улогите не се еднакви“, заклучи хрватскиот претседател.

Continue Reading

Балкан

Косово ја коригира патната сигнализација – земјата сега правилно означена со МК

Косово го исполни ветувањето и го тргна погрешниот меѓународен код „НМК“ од патните знаци, заменувајќи го со точниот – МК. Фотографии од изменетите табли ги испрати Ќамил Фека, директор на одделот за патишта при Министерството за животна средина, просторно планирање и инфраструктура на Косово.

360 степени“ минатата недела извести дека на стариот пат Приштина–Скопје се користела погрешната ознака „НМК“. Од косовската страна уверија дека станува збор за ненамерен пропуст и дека истиот ќе биде најитно коригиран.

Случајот со погрешни ознаки е втор во соседството, откако Србија веќе подолго од две години на патни знаци користи „НМК“ наместо МК. Од македонското МНР истакнаа дека веруваат оти и српските власти ќе постапат по нивните барања и ќе ја коригираат сигнализацијата.

Овој потег доаѓа во контекст на Преспанскиот договор од 2018 година, кој, меѓу другото, го регулираше користењето на меѓународните ознаки и кодови за Македонија.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг