Connect with us

Инфо +

Ќе ја легализира ли владата марихуаната ?

Премиерот Заев на „Економски магазин“ на ТВ Алсат-М, го отвори и прашањето на декриминализација на марихуаната, како една од темите за кои повика на дебата во јавноста.

„Никој не се запрашува колку ги користиме домашните ресурси, што се нашите ресурси, дали се максимално искористени“- констатира Заев.

„Владата отвори дебата и со Коморите, отвори и на седница на Влада, разговаравме за ставање на сѐ во погон, треба сѐ да искористиме. Ние сме земја која помина низ транзиција, претпоставката е дека има најмалку милијарда и петстотини евра коишто се надвор од тековите. Ќе ги пуштиме во погон или нема да ги пуштиме? Земјоделското земјиште сѐ уште е државно. Легализиравме земјоделското земјиште да може да го земат оранжериите, да го видиме другото. Ако станат сопственици граѓаните, компаниите, тие ќе можат да повлечат повеќе кредити за својот организационен тим“ – додаде Зев.

Заев кажа дека отвара дебата покрај државното земјиште и за легализација на парите кои не се во тековите во државата, за што рече дека сака да го слушне општеството како размислува на овие теми, бидејќи како штоп кажа, сега е време за храбри чекори.

„Дебата отварам за државното земјиште! Дебата отварам за легализирање на парите коишто се надвор од тековите, освен оние коишто се криминални и за коишто има процеси! Отварам дебата! Сите странски коли во државата, сите се надвор од текот, не плаќаат регистрација. Го имаме и угостителството. Зошто кај нас е толку мало учеството на угостителството во бруто домашниот производ, а во европските земји учествуваат многу повеќе?“ – беа „ракавиците“ кои Заев ги фрли во текот на емисијата. „Да ја отвориме дебатата и ќе видиме!“ – повика тој.

Дали ќе правиме нешто со декриминализација на марихуаната? Ги нафрлам како теми. Ние немаме став, ние сакаме да го слушнеме општеството, да ги пуштиме во оптек сите наши ресурси, затоа што реков неповторлив е периодов, Европа е тука , еве определени се милијарди за регионот, сѐ вредеше ова целото, создадовме одлични околности” – заклучи Заев.

Advertisement

Свет

Руската централна банка со алармантно предупредување: ЕУ прави нелегален упад во нашите средства

Руската централна банка денес остро реагираше на најновите предлози на Европската унија за користење на нејзините замрзнати пари, оценувајќи ги како незаконски и во спротивност со меѓународното право. Од институцијата предупредија дека ќе ги употребат сите расположливи правни механизми за заштита на своите интереси.

„Механизмите за директно или индиректно користење на имотот на Банката на Русија, како и сите други форми на неовластено располагање со овој имот, се незаконити и спротивни на меѓународното право, вклучително и прекршување на принципот на суверен имунитет“, соопшти банката.

Реакцијата доаѓа по објавата на Европската комисија од 3 декември, во која се наведуваат две можни решенија за финансирање на потребите на Украина во 2026 и 2027 година. Едно од нив предвидува европските финансиски институции што го држат замрзнат рускиот имот да ѝ позајмат средства на комисијата, која потоа би ја финансирала Украина преку заем за репарации.

Руските власти и претходно предупредуваа дека таквите потези би предизвикале најостра реакција.

Централната банка најави и конкретни правни чекори: спорење на секоја евентуална одлука пред национални судови, пред судски органи на странски држави, меѓународни организации, арбитражи и други надлежни институции. Доколку биде потребно, велат од Москва, ќе следи и постапка за спроведување на судските одлуки на териториите на државите членки на ОН.

Continue Reading

Свет

Шефот на НАТО: Ние сме следната мета на Русија. Немаме време. Стигна одговор од Москва

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска упати силен апел до сојузниците да ги зголемат одбранбените капацитети и инвестиции со цел да се спречи потенцијален воен конфликт што, како што рече, би можела да го предизвика Русија – конфликт „каков што го доживеале нашите дедовци и прадедовци“.

Говорејќи во Берлин, Руте истакна дека премногу земји членки не ја чувствуваат доволно сериозно руската закана и предупреди дека одложувањето на одбранските вложувања е ризик кој Европа не може да си го дозволи. „Ние сме следната цел на Русија. Стравувам дека многумина се премногу опуштени и веруваат дека времето работи за нас. Не е така. Времето за дејствување е сега“, рече тој, додавајќи дека „судирот е пред нашите врати“ и дека Русија би можела да биде подготвена да употреби сила против НАТО во рок од пет години.

Русија реагира: „НАТО се подготвува за голем судир“

Во реакција на изјавите на Руте, руската амбасада во Белгија соопшти дека токму НАТО и Европската унија ја ескалираат ситуацијата и се подготвуваат за голем конфликт со Русија, пренесе ТАСС.

„Не Москва, туку раководството на НАТО и ЕУ ја турка ситуацијата кон ескалација и се подготвува за конфликт со нашата земја. Изјавите на генералниот секретар Руте дека Русија наводно ја гледа алијансата како следна цел се крајно неодговорни и провокативни“, наведоа од амбасадата.

Тие додадоа дека „военото крило во Брисел“ настојува да му ја претстави на населението како неопходна неконтролираното зголемување на воените трошоци и милитаризацијата на економиите, на штета на социјално-економската благосостојба.

Амбасадата тврдеше и дека целта е да се оправда континуираното снабдување на украинските сили со оружје и опрема, додека, како што наведуваат, се попречуваат напорите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за мирно решавање на украинската криза.

Continue Reading

Свет

САД изведоа акција и запленија венецуелска нафта, Венецуела реагира

Американските сили извршија акција и запленија голем танкер под санкции покрај брегот на Венецуела, што предизвика жестоки реакции во Каракас. Владата на Венецуела соопшти дека ќе ја брани својата сувереност, природните ресурси и националното достоинство, најавувајќи жалба пред меѓународните институции.

Министерот за внатрешни работи Диосдадо Кабељо ги нарече САД „убијци, крадци и пирати“ и саркастично се повика на филмот „Пиратите од Карибите“. „Џек Спероу таму е херој, но овие типови се вистински криминалци на отворено море“, изјави тој.

Претседателот Доналд Трамп потврди дека акцијата била изведена синоќа, додавајќи дека танкерот бил најголем досега. Јавната обвинителка Пем Бонди истакна дека бродот превезувал санкционирана нафта од Венецуела и Иран, а операцијата била координирана од ФБИ, Министерството за одбрана, Министерството за внатрешна безбедност и Крајбрежната стража.

Снимките од американските служби прикажуваат два воени хеликоптера и вооружени војници како се спуштаат на палубата на бродот, а според извори, акцијата ја изведувале десет маринци, десет припадници на Крајбрежната стража и специјални единици од бродот „Џералд Форд“.

Компанијата „Вангард“ го идентификува бродот како „Скипер“, кој долго време ја лажирал својата позиција. Министерството за финансии на САД го стави под санкции уште во 2022 година за наводна вмешаност во нелегален шверц на нафта што генерирал приходи за Хезболах и Исламската револуционерна гарда.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, оцени дека станува збор за меѓународно пиратство и истакна дека „Венецуела никогаш нема да стане нафтена колонија“. Трамп, пак, изјави дека запленетата нафта веројатно ќе биде задржана од САД.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг