Будала работа:Не му дозволиле влез без маска во полициската станица, па решил да се пресмета со нив

Ппријава против С.Д.(45) од Кочани и правно лице од Зрновци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот, на катарстарска парцела во охридското село Косел, како сопственик-управител на правното лице и инвеститор на градбата, без одобрение за градба издадено од надлежен орган, изградил бетонски објект со темели, столбови и плоча.

По извршен инспекциски надзор од страна на Градежна инспекција при Општина Охрид, донесено е Решение за отстранување на градбата.

Турчин тепал штипјанец – На 06.10.2020 полициски службеници од СВР го лишиле од слобода Ц.К.(21) од Р.Турција, со привремен престој во Штип, затоа што околу 15.00 часот физички го нападнал А.П.(45) во неговиот дом во Штип, нанесувајќи му тешки телесни повреди. За настанот бил известен Јавен обвинител, а Ц.К. бил приведен и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 06.10.2020 во 16.45 часот во Пробиштип, полициски службеници од Полициска станица Пробиштип го лишиле од слобода М.Н.(45) од Пробиштип, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Тој бил приведен, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

СЕ СТЕПАЛ СО ПОЛИЦИЈАТА – На 06.10.2020 околу 13.15 часот во Полициската станица Карпош, полициски службеници го лишиле од слобода И.И.(62) од Скопје, кој при влез во станицата физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, бидејќи не му било дозволено да влезе без заштитна маска на лицето. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Наpaдната МАЛОЛЕТНИЧКА – На 06.10.2020 во 16.50 часот во СВР Скопје, Е.Ј.(49) од Скопје пријавила дека околу 13.30 часот, пред угостителски објект на подрачјето на Центар, нејзината 17-годишна ќерка била физички нападната од С.З.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе содржини: По објавата на веста дека лице заболено со ковид-19 во текот на вчерашниот ден избегало од ГОБ „8 Септември“, директорот на болницата, Кристијан Костов за Плусинфо ја потврди информацијата и потенцираше дека станува за бездомно лице, кое насилно успеало да ја напушти болница.

Точно е дека во текот на вчерашниот ден пациентот, кој е бездомно лице, бил немирен, шетал по ходникот, па поради тоа неколку пати бил опоменуван од персоналот да се смири. Сепак, некаде околку 21 часот тој насилно успеал да ја отвори вратата од одделението и незабележан од никого самоволно да ја напуштил болница. Дежурниот персонал веднаш го повикал обезбедувањето, а исто така било пријавено и во полиција. Болниот во многу краток временски рок бил пронајден во близина на болницата и бил вратен – вели Костов.