Германија на годишно ниво ќе прима по 25.000 работници од Западен Балкан.
Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер изјави дека германската имиграциска политика кон Западен Балкан се покажала функционална во претходните пет години.
Тој најави дека германската Влада утре ќе разгледува продолжување на овој аранжман, кој истекува кон крајот на годинава.
Федералните агенции за вработување оценуваат дека овој систем добро функционира, а злоупотребата е многу мала.
