Connect with us

Инфо +

„Мамички и татички! Детето не ви е кукла!За вакви слики би одземала старателство!“

Твитер дебата што дефинитивно треба да има и коментар од некои експерти оваа тема е чувствителна затоа и пристапот треба да биде деликатен. Службите треба да функционираат на начин што ќе ги опоменуваат барем оние кои ги прават овие работи со експонирање на мали дечиња, но ако мајката и таткото имаат потполна согласност да нивното дете биде објавувано на на социјалните мрежи вие џабе се бунтувате , таков е законот.

Но исто така треба да разберете дека истото дете може да биде и мета на педофили секакви луѓе има по интернетот ова е добронамерен совет и треба да биде тема која ќе збориме .

Сите личности и слики во оваа твитер дебата се јавно достапни како портал се обидовме да ги заштитиме приватните информации на луѓето кои се инволвирани со цел да не се наштети врз личноста која е објавена.

Целосниот разговор може да го пронајдете на твитер.

Advertisement

Свет

Украина решително одбива територијални отстапки, порача Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски категорично одби каква било можност Украина да се откаже од делови од својата територија, отфрлајќи го клучното барање на Русија што, според дипломатски извори, било вметнато и во најновиот мировен предлог на американскиот претседател Доналд Трамп.

Зеленски истакна дека Украина нема намера да преговара за суверенитетот и територијалниот интегритет, додавајќи дека ниеден мир не може да биде постигнат врз основа на уцени или наградување на агресијата. Тој нагласи дека Киев е подготвен за разговори, но само во рамки што ја почитуваат меѓународната правна рамка и правото на самоодбрана.

Европските сојузници на Украина, според дипломатските извештаи, остануваат на линијата дека секое мировно решение мора да биде прифатливо за Киев и да не подразбира легитимизација на руската окупација. Официјалниот став на Украина, повторно потврден од Зеленски, дополнително ја комплицира иницијативата на Вашингтон, која во последните денови е предмет на интензивни преговори и реакции.

Украина ја задржува позицијата дека мир може да има само тогаш кога ќе се повлечат руските сили и кога ќе биде обновена целокупната територијална целовитост на државата.

Continue Reading

Свет

Силен земјотрес од 7,6 степени ја погоди северна Јапонија — издадени цунами-предупредувања

На 8 декември 2025 година, силен земјотрес со магнитуда 7,6 го погоди североисточниот дел од Јапонија, во близина на префектурата Аомори.

Потресот се случил околу 23:15 по локално време, на длабочина од околу 53 километри, а како резултат беше издадено тсунами-предупредување за приморските региони, вклучувајќи ги префектурите Аомори, Ивате и Хокаидо.

Иако информациите сѐ уште се прибираат, локалните медиуми јавуваат за евакуации на жителите од крајбрежните подрачја, привремено прекинати железнички и дел од инфраструктурните услуги, како и прекини во снабдувањето со електрична енергија во некои области.

Земјотресот предизвика сериозно тресење — според првичните оценки, интензитетот на потресот одговара на „upper-6“ на јапонската скала за земјотреси, што значи дека може да предизвика свртување на мебел и оштетувања на градби.

Актуелниот порој на природни катастрофи доаѓа во момент кога Јапонија е веќе на листата на земји со висока сеизмичка активност, поради што властите апелираат на граѓаните да ги почитуваат упатствата за евакуација и да се подготват на можни појави на афтершокови.

Ќе ги следиме официјалните информации и ќе известиме за развојот на настаните.

Continue Reading

Балкан

Албанија ја издаде првата предварителна лиценца за дигитална банка – „JET Bank“ ќе ја отвори новата ера на онлајн банкарството

Надзорниот одбор на Централната банка на Албанија донесе одлука да ѝ додели прелиминарно одобрение за лиценцирање на „JET Bank“ (Фаза I), со што официјално се отвора патот за стартување на банкарски и финансиски услуги во целост управувани по дигитален модел. Албанските медиуми пренесуваат дека ова е прва ваква дозвола издадена во земјата.

„JET Bank“ има амбиција да стане прва банка во Албанија што ќе работи исклучиво преку дигитална платформа, комбинирајќи напредни технолошки решенија со едноставни, сигурни и клиентски ориентирани услуги.

Нивната мисија е да воведат современ пристап во банкарството, насочен кон брзи трансакции, висока безбедност и максимална достапност за корисниците – без потреба од физички филијали.

Со оваа одлука, Албанија прави значаен чекор кон модернизација на финансискиот сектор и позиционирање во регионалниот тренд на дигитализација на банкарските услуги.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг