НЕМА слави по домовите: забрана за семејни собирања во становите и куќите

Забрана на големи семејни собири и прослави во домови, во еден стан или куќа најмногу ќе може да има 4 луѓе. Забрането е групирање по 22 часот на повеќе од 4 лица. Задолжително носење маски секаде, на отворен и затворен простор. Исклучок е спортување на отворено и затворено и возење на возило освен ако се од исто семејство и во угосителски објекти.

Првата мерка, како што соопшти Филипче на денешната прес-конференција, предвидува забрана за масовни семејни собирања. Едно семејство ќе може да прими најмногу четворица гости.

Втората мерка е забрана за групирање на повеќе од четири лица на отворен и во затворен простор, по 22 часот.

Третата мерка предвидува носење заштитна маска или покривка на лицето и при престој на отворено, дури и кога лицето се движи само, како и во затворени простории. Исклучок, кога не мора да се покриваат устата и носот, е при спортување, за деца до шест години, при транспорт во приватно возило со членови на семејството, при седење во угостителски објекти (со почитување на протоколите), како и ако лицето е само во канцеларија.