Никогаш во мојот живот не сум била болна од ништо, се заразив на работа – не можев да дишам, бев како мpтовец

Прекрасно искуство од девојка на твитер браво за ваков храбар потег да сподели искуство од вирусот Ковид 19:


Да ви кажам два три збора за корона како survivor. Никогаш во мојот живот не сум била болна од ништо, се заразив на работа. Дента кога манифестирав симптоми не можев да дишам, бев како мртовец. 1 недела секое станување беше пратено со тежок напад на кашлица 1/2

За да се смири кашлицата мораше да седам во фетална положба повеќе од 30 мин.Имав температура до 40 степени.Пиев лекови како стара баба.Се излечив дома,бидејќи немам осигурување,не ми следува.Едвај преживеав.И,сега некој што сака да има “ноќен живот”да каже дека не постои вирусот

Немојте да се лажете. КОВИД 19 е најлошото нешто што ми се случи во животот. Се променив скроз после. Јас носев целосна опрема по сите протоколи, и пак се разболив. Не ги слушајте малоумните кои ви викаат дека нема корона.