Connect with us

Инфо +

Миа Костова: „Официјално сум ковид позитивна, се гледаме за едно 20 дена “

Published

on

Статусите на Миа Костова секогаш привлекуваат внимание во јавноста но овој е малку поразличен се работи за нејзе, храбро си напиша позитивна сум на ковид и браво ги охрабруваме сите кои се позитивни да го направат истото се со цел да ги заштитат најблиските и тие со кои имале контакт еве што напиша Миа на социјалните мрежи:

Чисто совесна иако знам дека ќе има многу од оние кои ќе искоментираат ‘ако, така и е’ иако за воља на вистината знам кој е контактот кој се случи во неделата и не е никако поврзан со групирањето и журките . Откако бев известена ги откажав сите претстојни состаноци , фризери и салони, не сум била во контакт со ниту еден од моите соработници па ни пријатели. Така што, сметам дека од мене повеќето се безбедни. Официјално сум ковид позитивна. Ви благодарам за разбирањето и за пораките, се гледаме за едно 20 дена по улици, а на социјални мрежи ќе броиме заедно. Чувајте се ?

Многу ја осудија дека има „двојни аршини“ и како што вика самата некои дури и ќе речат „ако така и е “ што не е коректно .Низ социјалните мрежи кружи слика како е во присуство на повеќе луѓе во еден од локалите во Скопје па направија еден спој од тоа како некогаш зборела за јавни собири а потоа она е вклучена во нешто слично. Не знаеме со сигурност дали тоа е така сигурно некој има подобар одговор но наше е да и порачаме да оздрави побрзо.

Балкан

Охрабрувачки вести: Двајца повредени во Бугарија почнаа да се движат!

Published

on

Двајца од повредените во пожарот во кочанската дискотека, кои се лекуваат во болница во Бугарија, почнале да се движат, информираше македонското Министерство за здравство.

Во Бугарија се хоспитализирани вкупно 15 пациенти, од кои седуммина се интубирани и шестмина оперирани, со стабилна хемодинамика, а двајца почнуваат од денес да се движат.

Од вкупно 178 повредени, во јавните здравствени установи во државата во моментот се третираат 64 пациенти, кои се во релативно стабилна состојба, во приватните здравствени установи се лекуваат 13 пациенти, а 101 пациент се третираат во странски медицински центри.

Continue Reading

Балкан

Мурад Муска: Само ние можеме да го зачуваме нашиот роден крај

Published

on

Горњаците мора самите да преземат иницијатива за зачувување на својата култура, историја и идентитет, порача Мурад Муска. Според него, иднината на регионот зависи од напорите што ќе ги вложат самите жители, а не од надворешни фактори.

„Ако сакаме да опстанеме, мора да снимаме што повеќе документарни филмови, да пишуваме книги за нашата култура и историја, и да организираме културни и спортски активности кои ќе ја привлечат младината. Само така ќе ги научиме нашите внуци да го зборуваат нашиот јазик и да ја сакаат својата татковина. Во спротивно, ќе исчезнеме“, истакнува Муска.

Тој предупредува дека оние кои работат за Гора однадвор не секогаш го прават тоа во нејзина корист, туку често на нејзина штета.

„Само ние можеме да направиме нешто за себе. Другите, колку и да изгледаат дека ни помагаат, често имаат свои интереси. Вистината за нашата ситуација многу подобро се гледа од далечина“, додава тој.

Со оваа порака, Муска ги повикува Горњаците да се посветат на зачувување на својот роден крај, неговите традиции и културни вредности, со цел идните генерации да ја продолжат оваа вековна историја.

Continue Reading

Балкан

Хрватската министерка за здравство потврди дека во Загреб се донесени уште тројца пациенти од несреќата во Кочани

Published

on

По првите двајца македонски пациенти кои со изгореници веќе се лекуваат во Загреб, денеска во главниот град на Хрватска беа донесени уште тројца поврдени од трагедијата во ноќниот клуб во Кочани.

Сите се во стабилна состојба и надвор од животна опасност, изјави попладнево министерката за здравство на Хрватска, Ирена Хрстиќ.

„Денеска се примени три нови пациенти – две жени и еден маж. Малолетник и двајца возрасни. Сите тројца се надвор од животна опасност и ќе бидат сместени во Одделот за изгореници на КБЦ „Сестре милосрднице“, рече министерката по седницата на Владата, јавија хрватски медиуми.

Претходно беа примени двајца пациенти, од кои едниот остана на Одделот за изгореници во Клиничката болница Сестре Милосрднице, додека другиот поради добрата општа состојба и помладата возраст е префрлен во Детска болница

Министерката повтори дека Хрватска стои на располагање на Северна Македонија за прифаќање повреднеи со изгореници, но според последните информации засега нема да пристигнуваат нови пациенти. Таа додаде дека комуникацијата со македонските власти е постојано отворена, па до вечерва ќе се види дали ќе има промени. Таа рече и дека лично нема информации дали е обезбедено сместување во Загреб за семејствата на македонските пациенти, но не се сомнева дека и тоа ќе се реши.

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ претходно на владина седница рече дека македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски доаѓа во Хрватска и дека заедно со министерката Хрстиќ ќе ги посети пациентите од Кочани во болниците во Загреб.

Kurir.mk

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк