Миа Костова: „Официјално сум ковид позитивна, се гледаме за едно 20 дена “

Статусите на Миа Костова секогаш привлекуваат внимание во јавноста но овој е малку поразличен се работи за нејзе, храбро си напиша позитивна сум на ковид и браво ги охрабруваме сите кои се позитивни да го направат истото се со цел да ги заштитат најблиските и тие со кои имале контакт еве што напиша Миа на социјалните мрежи:

Чисто совесна иако знам дека ќе има многу од оние кои ќе искоментираат ‘ако, така и е’ иако за воља на вистината знам кој е контактот кој се случи во неделата и не е никако поврзан со групирањето и журките . Откако бев известена ги откажав сите претстојни состаноци , фризери и салони, не сум била во контакт со ниту еден од моите соработници па ни пријатели. Така што, сметам дека од мене повеќето се безбедни. Официјално сум ковид позитивна. Ви благодарам за разбирањето и за пораките, се гледаме за едно 20 дена по улици, а на социјални мрежи ќе броиме заедно. Чувајте се

Многу ја осудија дека има „двојни аршини“ и како што вика самата некои дури и ќе речат „ако така и е “ што не е коректно .Низ социјалните мрежи кружи слика како е во присуство на повеќе луѓе во еден од локалите во Скопје па направија еден спој од тоа како некогаш зборела за јавни собири а потоа она е вклучена во нешто слично. Не знаеме со сигурност дали тоа е така сигурно некој има подобар одговор но наше е да и порачаме да оздрави побрзо.