Само оние кои имаат смартфони ќе користат „Викенд без ДДВ“

Во трите дена од продолжениот викенд граѓаните кои ќе купуваат македонски производи ќе добијат поврат на ДДВ од 18 отсто, но за ИТ опрема данокот на додадена вредност изнесува 5 отсто. Бенефит од „Викендот без ДДВ“ можат да имаат само граѓаните кои скенираат фискални сметки, односно ја имаат апликацијата „Мој ДДВ“. Граѓаните може да направат поврат на ДДВ на вкупна сума на сметки до 30 илјади денари.