СЕКОЈ ДЕН НОВ РЕКОРД: 393 заболени од Ковид во Македонија

Институтот за јавно здравје објави дека во последните 24 часа се регистрирани 393 позитивни на корона вирусот. Повторно Скопје е со најголем број – 190 позитивни на тестирањата. Во повеќе градови се бележи двоцифрен резултат од тестирањата. Нема починати лица.

Во изминатото деноноќие направени се 2464 тестирања.